Регион

Протест „Ќе се видиме на Видовден“ во Белград, Вучиќ не прифаќа ултиматуми

Студентски протест под наслов „Ќе се видиме на Видовдан“, организиран од студентите, ќе се одржи вечерва во 18 часот во Белград како  кулминација на повеќе месечните протести, марѓеви и блокади. Организаторите упатија две клучни барања до Владата на Србија, придружени со јасен рок: до 21 часот, вечерва. Во отворено писмо објавено рано утрово, студентите побараа: […]

Студентски протест под наслов „Ќе се видиме на Видовдан“, организиран од студентите, ќе се одржи вечерва во 18 часот во Белград како  кулминација на повеќе месечните протести, марѓеви и блокади.

Организаторите упатија две клучни барања до Владата на Србија, придружени со јасен рок: до 21 часот, вечерва.

Во отворено писмо објавено рано утрово, студентите побараа:

Распишување вонредни избори: Владата да поднесе предлог до претседателот на Србија за распуштање на Народното собрание во согласност со член 109 од Уставот, со цел распишување на вонредни парламентарни избори.

Прекин на контрапротестот во Пионирски парк: Владата да повика Министерството за внатрешни работи да го прекине паралелниот собир, кој според студентите е организиран од провладини групи и регистриран со цел да го ослабне легитимитетот на студентскиот протест.

Претходно српскиот претседател Александар Вучиќ порача дека Сбија не прифаќа ултиматуми ни од внатре ни од оние кои со месеци ја блокираат земјата.

„Ултиматумот не е прифатен, не мора да чекате до 21:00 часот. Србија никогаш не прифаќа ултиматуми“, рече Вучиќ.

„Не се плашиме од никого. Ги повикувам сите, татковски, да не ја уништуваат Србија. Добро е што дојде Видовдан за да можат сите да видат. Кои се насилниците и бандитите и кој отсекогаш бил за мир. На Видовдан ќе видиме дали некој се плаши или не. И ќе се види силата на српската држава, а тоа е да го зачува мирот и стабилноста“, рече Вучиќ. Потоа додаде:

„Од притисок и од Западот и од Истокот, од оние кои сакаат да бидеме нивни слуги. На сите ќе им биде јасно дека Србија е слободарска, слободна и независна земја. Народот не треба да се плаши, туку само оние кои мислат дека сакаат да постигнат нешто преку насилство. Никогаш нема да постигнете ништо преку насилство.“

Најнови вести од: Регион

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, некои со години не оделе на работа, а дел живеат и во странство!

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа. – Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

Република Српска оди на нови избори откако Саво Миниќ поднесе оставка

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска ненадејно поднесе оставка на функцијата, во пресрет на можноста неговиот мандат да биде оспорен пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина поради спорниот начин на неговото назначување и избор.

Албанија ќе го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

Со 79 гласови „за“, оние на владејачкото мнозинство и еден воздржан, на пленарна седница ја усвои Резолуцијата со која Иран се прогласува за „спонзор на тероризмот“ со што, како што се оценува, земјата се усогласува со стратешките сојузници.

Пендаровски: Албанскиот е службен јазик во Македонија, но…(ВИДЕО)

Албанците можат да го користат јазикот, но во многу случаи не гледаме негова целосна примена во институциите и судовите. Важно е да се постави прашањето дали овие права се применуваат во секојдневниот живот

To top