Регион

Радев го доби мандатот и го објави составот на новата бугарска влада

Новата влада во Софија ќе има 4 вицепремиери, 18 министри и едно министерство помалку од досега

Бугарската претседателка Илијана Јотова му го врачи мандатот за состав на нова влада на Румен Радев, кој извојува убедлива победа на неодамнешните парламентарни избори со својата партија Прогресивна Бугарија, по што тој го соопшти составот на својот кабинет, во кој ќе има четворица вицепремиери, 18 министри и едно министерство помалку од досега.

„Бугарските граѓани имаат голема доверба во Прогресивна Бугарија и ѝ го дадоа првото место со јасно мнозинство во Народното собрание. По години политички кризи, очекувањата на бугарските граѓани се поврзани со стабилно и ефикасно управување. Овие очекувања ги делат и европските и меѓународните партнери на Бугарија“, изјави Јотова при предавањето на мандатот за формирање влада на кандидатот за премиер Радев, назначен од најголемата парламентарна група во 52. Народно собрание.

Донеодамнешниот претседател пред својата наследничка и поранешна потпретседателка нагласи дека презема голема одговорност за стабилни институции и управување.

Својата цел тој ја дефинира во три точки: поефикасна работа на владата, поддршка за бизнисот и забрзана дигитализација на Бугарија.

Најнови вести од: Регион

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

БИА ги отфрла обвинувањата за незаконско следење и посочува дека имаат цел да ја дестаблизираат Србија

Од БИА истакнуваат дека и во најтешките времиња работата на Агенцијата ја носеле чесни луѓе кои својот живот го посветиле на заштитата на Република Србија и нејзините граѓани.

To top