Регион

Син на босански политичар пијан усмртил тројца млади

Кантоналниот суд во Мостар го прифати предлогот на Обвинителството на Херцеговачко-неретванскиот кантон и донесе одлука со која на Марко Шљивиќ (28) од Чапљина му е одреден притвор од еден месец, почнувајќи од 31 мај, кога беше уапсен, објави Телеграф. Синот на политичарот Шљивиќ е приведен поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Тешки кривични дела […]

Кантоналниот суд во Мостар го прифати предлогот на Обвинителството на Херцеговачко-неретванскиот кантон и донесе одлука со која на Марко Шљивиќ (28) од Чапљина му е одреден притвор од еден месец, почнувајќи од 31 мај, кога беше уапсен, објави Телеграф.

Синот на политичарот Шљивиќ е приведен поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Тешки кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај“, во врска со кривичното дело „Загрозување на јавниот сообраќај“.

Шљивиќ е осомничен за предизвикување на страшна сообраќајка што се случила на 31 мај во местото Шеваш Њиве, помеѓу Мостар и Чапљина, кога возел Ауди А4 во алкохолизирана состојба.

Нивото на алкохол во крвта му било измерено на 1,64 промили.

Во несреќата загинаа Алмин Црналиќ (22), Енис Куртовиќ (22) и Далила Жугор (20) кои биле во Ауди А3. Тројцата заедно беа закопани вчера.

Во несреќата учествувал и Џ.Ш. со возило „Фиат“ кој во полиција го пријавил нестабилното движење на Шљивиќ на патот само неколку минути пред несреќата.

Најнови вести од: Регион

Ива побарала онлајн да учествува на денешното судење во Кочани

Таа објасни дека нејзиниот адвокат поднел барање за да може да учествува преку интернет на денешното рочиште за случајот во судот во Кочани. „Значи, чекаме да видиме дали обвинителството и судот ќе го прифатат ова наше барање да се вклучиме онлајн

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

To top