Спорт

Атанасовска и Јада македонски знаменосци на ЗОИ

Алпската скијачка и нордиецот со трет настап на олимпијадите ќе го носат знамето на Македонија на утрешното отворање во Милано

Алпската скијачка Јана Атанасовска и нордиецот Ставре Јада ќе го носат знамето на Република Македонија на свеченото отворање на 25. Зимски олимписки игри во Милано Кортина закажано за утревечер од 20 часот на стадионот „Сан Сиро“.

Четири натпреварувачи, меѓу кои и алпинецот Виктор Петков и нордијката Ана Цветановска, како и шест официјални лица, тренери и доктор, на чело со шефицата на делегацијата Цветанка Макаровски попладнево пристигна во Италија.

Атанасовска и Петков ќе се натшреваруваат во слалом и во велеслалом, а Цветановска и Јада во спринт и 10 км интервал старт.

За Јада ова е трета олимпијада, а за Цветановска втора.

Сите четворица имаат исполнето А-норма за настап на ЗОИ.

На јубилејните зимски игри ќе настапат 2.952 спортисти од 92 земји.

Најнови вести од: Спорт

Колку „вредат“ олимписките медали? Цената на бронзениот ќе ве насмее

Олимписките златни медали веќе повеќе од еден век не се изработени од чисто злато. Последниот целосно златен медал (24-каратен) е доделен на Олимписките игри во Стокхолм во 1912 година, според податоците на Меѓународниот олимписки комитет.

To top