Спорт

Ивановски го преслуша и третиот носител за полуфинале во Загреб

Калин беше подобар од Шпанецот Косано, а Украинецот со македонски пасош Приходко го совлада Гркот Сакеларидис

Калин Ивановски продолжи со успешниот настап на тенискиот фјучерс во Загреб, кој се игра на земјени терени и за награден фонд од 30.000 американски долари, кадешто денеска го „нанижа“ и третиот носител и се пласира во полуфиналето заедно со колегата од Дејвис куп репрезентацијата на Македонија, Украинецот со македонски пасош Олег Приходко.

Ивановски, кој поради долгото отсуство поради повредата и операцијата неделава е 1147. на АТП-листата во сингл, славеше со 7-6 (4), 7-5 над Хавиер Баранко Косано (423.) од Шпанија и утре од 10 часот во мечот за финалето ќе се бори со Божо Барун (1973.) од Хрватска.

Првиот носител Приходко (410.), пак, го совлада Гркот Димитрис Сакеларидис (653.) со 6-4, 6-3 и утре исто така од 10 ч. во полуфиналето за противник ќе го има седмиот фаворит Хумојун Султанов (632.) од Узбекистан.

Најнови вести од: Спорт

Ракометарите на Вардар ги добија ривалите од групата во Лигата на шампионите

Македонскиот ракометен шампион Вардар на денешното извлекување на групите ги доби ривалите за новата сезона во најквалитетното натпреварување, а противници им се: француски Нант, германски Мелсунген и полската екипа Висла

To top