Спорт

Македонија загуби од светскиот вицепрвак Бугарија на стартот од ЕП во одбојка

Фаворитот за (нај)висок пласман и соорганизатор на првенството славеше со 3:0 пред повеќе од 10.000 гледачи во Софија

Светскиот вицешампион и соорганизатор Бугарија ја совлада Македонија со 3:0 пред повеќе од 10.000 гледачи во арената 8888 во Софија, по сетови 25-17, 25-19 и 25-18, на стартот од 34. Европското првенство за одбојкари во Бугарија, Финска, Италија и Романија.

Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски подобро го отворија првиот сет, поведувајќи со 5-3 и се држеа до 13-14 во вториот, но потклекнаа во завршницата од првиот период од играта.

Во вториот „црвено-жолтите“ водеа и со 8-5, беше и 18-18 и пак фаворитот беше подобар до крајот на сетот

Слично се одвиваше и третиот сет, во кој македонските одбојкари имаа 7-5, 8-7 и 13-13 и повторно бугарските одбојкари го покажаа својот поголем квалитет во втората половина од сетот.

Во натпреварот што траеше 79 минути најефикасен во македонскиот состав беше капитенот Никола Ѓорѓиев со 8 поени, а Александар Љафтов беше најдобар примач на средбата со успешност од 35 проценти.

Своето четврто учество на еврошампионатите Македонија го продолжува в петок од 15 часот против Украина, на 13 септември од 18 ч. ќе игра со Полска, два дена подоцна од 15 ч. со Португалија и на крајот од групата Б наредниот ден во истиот термин со Израел.

 

 

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top