Спорт

Македонија заврши на 14. место на 17. Европско првенство за ракометари

„Црвено-жолтите“ освоија 3 бода, колку и Фарски Острови, кои се пласираа позиција погоре поради подобрата гол-разлика

Машката ракометна репрезентација на Македонија го заврши својот настап на 14. место во конкуренција на 24 учесници на 17. Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

Од 12. селекции што не се пласираа во главната фаза по групи само Македонија и Фарски Острови освоија по 3 бода, а островјаните се 13. поради подобрата гол-разлика од +10 наспроти -11 на „црвено-жолтите“.

Зад Македонија се Холандија, Италија, Чешка, Австрија, Србија, Полска, Романија, Украина, Црна Гора и Грузија.

Во своето деветто учество на европските шампионати избраниците на селекторот Кирил Лазаров денеска се одјавија со победа од 24:23 над Романија.

Два дена претходно ремизираа 29:29 со Португалија, четврта на ланското СП и сензационален победник вечерва над светскиот и олимписки шампион Данска со 31:29, од кој македонските ракометари на стартот загубија со 36:24.

 

Најнови вести од: Спорт

Инциденти на мечот Шкендија – Пелистер: Фрлен скалпел кон судиите, четвртиот судија погоден со паричка и запалка

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека согласно официјалниот судиски извештај од натпреварот од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија и Пелистер, биле евидентирани повеќе сериозни безбедносни инциденти. Во 57. минута, при прекин на играта поради измена на играчи, од трибините биле фрлани предмети кон техничкиот простор. Четвртиот судија бил погоден со паричка […]

To top