Спорт

„Македонска уметност“: ЕХФ за цепелинот Серафимов-Џонов-Костески (ВИДЕО)

Ремек-делото што во гол го претвори македонскиот херој против Романија издвоено како најубава акција на мечот во Хернинг

Европската ракометна федерација (ЕХФ) на својот официјален профил на Икс не пропушти да го одбележи македонскиот цепелин против Романија во изведба на Мартин Серафимов, Иван Џонов и Ненад Костески.

„Дело од македонската уметност“, е коментарот на ЕХФ за ремек-делото што во гол го претвори македонскиот херој на мечот, помладиот од браќата Костески, кој во последната секунда ѝ донесе триумф на Македонија од 24:23, десетти за „црвено-жолтите“ во 45. натпревар на европските првенства.

Најнови вести од: Спорт

Инциденти на мечот Шкендија – Пелистер: Фрлен скалпел кон судиите, четвртиот судија погоден со паричка и запалка

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека согласно официјалниот судиски извештај од натпреварот од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија и Пелистер, биле евидентирани повеќе сериозни безбедносни инциденти. Во 57. минута, при прекин на играта поради измена на играчи, од трибините биле фрлани предмети кон техничкиот простор. Четвртиот судија бил погоден со паричка […]

To top