Спорт

Македонско сонце ги огреа Шпанците

Браво за нашинецот кој го истакна македонското знаме на настан кој го слдеа милијарди луѓе низ светпт

Сонцето од Кутлеш беше токму таму во позадина во моментот кога Шпанија постигна гол што ѝ донесе победа на Светското првенство.

Фотографија од трибините на која се гледа истакното македонското знаме, на вчерашното финале на Мундијалот, предизвика бура позитивни коментари на социјалните мрежи.

„Макдонец водич до победата на Шпанија“,

„Најдете го човекот“ ,

„Во Њу Џерси ако нема македонко знаме, тогаш каде“, беа некои од коментарите откако порталот „Arena events“ одбави фотографија на која се гледа навивач кој на финалниот меч Шпанија-Аргентина, истакна македонско знаме.

„Убав гест што се појави симбол на македонскиот народ на финалето на Светското првенство во 2026 година на трибините“! – е уште еден од коментарите.

 

Шпанија вчера доминираше во завршниот меч и со гол во продолжението успеа да го скрши упорниот отпор на Аргентина и по втор пат да го освои Светското првенство во фудбал.

Крилниот напаѓач на Барселона, Феран Торес, го постигна единствениот гол во натпреварот, во кој Аргентина одбра тактика да се брани и да ја умртви играта чекајќи некаква можност или пенали на крајот….

Најнови вести од: Спорт

To top