Спорт

По бод за Мароко и Бразил, Австралија ја расплака Турција (ВИДЕО)

„Кариоките“ ремизираа 1:1 со африканскиот шампион, „кенгурите“ славеа со 2:0 против Турците, а Шкотите со 1:0 над Хаити

Африканскиот шампион Мароко го издржа притисокот во второто полувреме од петкратниот светски првак Бразил во ремито 1:1 на стартот од групата Ц во Сан Франциско во досега најквалитетниот натпревар на фудбалскиот мундијал во САД, Канада и Мексико.

Полуфиналистот на минатото СП поведе од брилијантниот противнапад во две додавања и уфрлена топка од својата половина, која во 21. минута Исмаел Саибари ја испрати преку голманот Алисон во бразилската мрежа.

Единаесет минути подоцна Винисиус Жуниор го постави конечниот резултат во мечот со 14:12 во удари за Мароканците, но и 5:3 во рамките на голот за Бразилците, кои имаа минимално поголем посед на топката од 51:49 проценти.

Австралија ја изненади Турција со 2:0 во Ванкувер, иако во првата средба од Д-групата Турците упатија дури 30 удари, од кои 8 во рамките на голот, наспроти деветте обиди на противникот, од кои четири во рамките на голот.

Нестори Иранкунда ги доведе во водство „кенгурите“ по 27 минути игра, а Конор Меткалф стави точка во 75. минута.

Во дуелот на повратниците на мундијалите Шкотска го совлада Хаити со 1:0 со погодокот на Џон Мекгин во 28. минута од вториот дуел во групата Ц. Шкотите се вратија на планетарниот собир по 1998 година, а Хаиќаните по далечната 1974 година.

Видео со најинтересните моменти од дербито Бразил – Мароко на линкот.

 

Најнови вести од: Спорт

To top