Спорт

СП 2026: Аргентинскиот селектор посакува уште едно финале

Актуелниот светски првак Аргентина вечерва го има најтешкиот ривал досега на Мундијалот

Актуелниот светски првак Аргентина вечерва го има најтешкиот ривал досега на Мундијалот, селекцијата на Англија. Оваа репрезентација на последните две Европски првенства беше финалист, завршуваше поразена.

– Верувам дека играњето полуфинале на Светското првенство е нешто уникатно. Точно е дека веќе сме играле еднаш финале, но како никогаш да не сме играле. Исто толку сме среќни, вознемирени и охрабрени што можеме да им понудиме на нашите луѓе уживање и да ја видат нивната репрезентација како дава сè од себе. Пред нас имаме голем ривал кој ќе ги отежни работите, кој ќе се обиде да се пласира во финалето, а ние сме во исчекување, изјави на прес конференцијата селекторот на Аргентина Лионел Скалони.

Дуелот Англија – Аргентина се игра вечерва со почеток во 21 часот во Атланта, а прв финалист е репрезентацијата на Шпанија која синоќа во Далас ја совлада Франција со 2:0.

Најнови вести од: Спорт

To top