Спорт

Успешен старт на Ивановски на тенискиот турнир во Пардубице

Македонскиот Дејвис куп репрезентативец славеше со 6-4, 6-4 над Чехот Хомола

Калин Ивановски отвори со победа на тенискиот турнир во чешкиот град Пардубице, кој се игра на земјени терени и за награден фонд од 30.000 американски долари.

Македонскиот Дејвис куп репрезентативец, оваа седмица на 747. место на АТП-листата во поединечна конкуренција, славеше со 6-4, 6-4 над домашниот натпреварувач Патрик Хомола (1686.) по 108 минути игра.

Следна пречка за 22-годишниот Ивановски утре од 10 часот ќе биде Клаус Пининг (1912) од Германија.

Најнови вести од: Спорт

Шпански фудбалер почина откако доби удар со колено од противничкиот голман (ВИДЕО)

Голманот на Андора, Хесус Овоно, истрча далеку од својот гол за да ја пресече акцијата, и во обидот да интервенира, ја крена ногата и силно го удри Де Мигел со коленото, по што тој падна на теренот и ја изгуби свест

To top