Спорт

Вардар во Струга ја завери 12. титула шампион на Македонија

Цветковиќ го постигна единствениот гол за недостижна предност од 6 бода во однос на Шкендија пред меѓусебниот дуел во Скопје

Со победата над ексшампионот Струга од 1:0 на негов терен, Вардар ја обезбеди 12. титула едно коло пред крајот на 34. сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Стефан Цветковиќ само по пет минути игра го постави конечниот резултат, давајќи му на новиот првак недостижна предност од шест бода во однос на бранителот на титулата Шкендија, со која дуелот од последното коло во Скопје ќе биде само формалност.

Најуспешната сезона на клуб од Македонија во еврокуповите крунисана со елиминациите во Конференциската лига на УЕФА тетовските „црвено-црни“ ќе ја завршат втори во домашното првенство, и покрај победата од 2:1 над Брера на свој терен, а стружани ќе го освојат третото место.

Четвртото место е резервирано за Силекс, иако во денешното претпоследно коло загуби во Кратово со 1:0 од дебитантот Арсими.

 

Најнови вести од: Спорт

Почнува главното – Комплетирани се сите двојки од нокаут-фазата на СП

Од овој дел од турнирот повеќе нема право на поправен испит – доколку по 90 минути нема победник, ќе се играат продолженија, а ако и тогаш резултатот остане нерешен, патникот во следната рунда ќе се решава со изведување пенали

To top