Свет

ЕУ знае како да возврати удар на царините на САД кои предизвикаа бура реакции

Трамп ја потпиша наредбата, која треба да стапи на сила на 24 февруари за 150 дена, а со која се наметнуваат „глобални“ царини од 10 проценти, кои тој во саботата објави дека ќе ги зголеми на 15 проценти, со ретки исклучоци за фармацевтски производи и увоз опфатени со договорот меѓу САД, Мексико и Канада, пренесуваат светските медиуми.

Брисел има начин да им возврати удар на Соединетите Американски Држави поради најавеното зголемување на царините, а членовите на Европската Унија треба да усвојат „унифициран пристап“ во врска со воведувањето дополнителни царини, изјави францускиот министер за трговија Николас Форизје. Форизје изјави за Фајненшл тајмс дека Париз разговара со колегите од ЕУ и Европската комисија за одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп повторно да воведе царини, што следеше по пресудата на Врховниот суд на САД дека многу од царините што ги воведе врз трговските партнери минатата година се нелегални.

  • „Доколку стане неопходно, ЕУ има на располагање соодветни инструменти“, рече Форизје.

Францускиот функционер рече дека е прерано да се шпекулира за одговорот на ЕУ, но дека опциите вклучуваат „трговска базука“ или принуден инструмент (ACI), што би можел да влијае на американските технолошки компании. ACI има широк спектар на овластувања – од контрола на извозот до наметнување царини за услуги, како и исклучување на американските компании од договорите за јавни набавки на ЕУ.

Форизје, исто така, рече дека заканите на Трамп го зајакнуваат единството на ЕУ, но дека блокот мора да биде подготвен да возврати.

  • „Повеќе не смееме да бидеме наивни. Мора да ги користиме нашите алатки, а не само да зборуваме за нив. Не сакаме да бидеме зависни. Не сакаме да бидеме некаков заложник“, рече Форизје.

Во изјава на француското Министерство за надворешна трговија, која ја објавија француските медиуми, Форизје рече дека Франција, во услови на новите царински права наметнати од Трамп, сака „унифицирана реакција“ од ЕУ.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц, од своја страна, вчера изјави дека сака да разговара со европските сојузници со цел да се најде заеднички одговор на новите царински права на САД, пред средбата со Трамп во Вашингтон.

  • „Ќе имаме многу јасна европска позиција за тоа прашање, бидејќи царинската политика е во доменот на ЕУ, а не на земјите-членки на индивидуално ниво“, рече Мерк за каналот ARD, пред посетата, која е закажана за малку повеќе од една недела.

Европскиот парламент ќе се состане утре за да разговара за понатамошно одложување на ратификацијата на трговскиот договор постигнат со Вашингтон минатата година.

Претходно, Трамп ја потпиша наредбата, која треба да стапи на сила на 24 февруари за 150 дена, а со која се наметнуваат „глобални“ царини од 10 проценти, кои тој во саботата објави дека ќе ги зголеми на 15 проценти, со ретки исклучоци за фармацевтски производи и увоз опфатени со договорот меѓу САД, Мексико и Канада, пренесува Еуроњуз.

Најнови вести од: Свет

ЕУ почна со забраната за увоз на руски гас преку цевководи

Посебна тужба против регулативите поднесе и швајцарската компанија „Норд стрим 2 АГ“, операторот на гасоводот „Норд стрим 2“. Таа компанија бара одлуката или нејзините клучни одредби да бидат поништени, тврдејќи дека забраната ефикасно ја лишува од можноста да го користи гасоводот за комерцијални цели.

Цената на нафтата паднаа под 80 долари за барел в очи на договорот меѓу САД и Иран

Цените на нафтата на светските пазари паднаа денеска за повеќе од пет отсто, под 80 долари по барел. До оваа ситуација дојде по сигналот дека САД и Иран би можеле веќе оваа седмица да постигнат договор со кој би се овозможил непречен премин на танкерите низ Ормускиот теснец и обнова на извозор на енергенси од регионот на Персискиот залив, пренесе „Трејдинг економикс“.

Трамп: Лага е дека САД му плаќаат на Иран 300 милијарди долари за мир

Претседателот на САД, ги отфрли тврдењата дека Вашингтон му обезбедува финансиска помош на Иран, нарекувајќи ги извештаите за финансирање од САД „лажни вести“ во услови на извештаи за пакет за реконструкција вреден повеќе милијарди долари, објавија Ен-Би-Си њуз и Фајненшнел тајмс.

To top