Свет

Германска банка под истрага, осомничена е за финансирање на еден од најголемите бордели во Европа

Германската регионална банка „Волксбанк Келн Бон“ е под истрага бидејќи во 2021 година одобрила кредит на кинескиот бизнисмен Ху Јинг за купување на еден од најголемите бордели во Европа, „Паша“ во Келн.

Во Германија проституцијата е легална, но се истражува дали еден од членовите на управата на банката можеби имал корист од одобрениот кредит.

„Волксбанк Келн Бон“ не ги коментира наводите на германскиот финансиски регулатор „БаФин“, кој побара информации за одобрениот кредит. Банката, исто така, наведе дека Јирген Нојтгенс, е невин сè додека не се утврдат сите околности и оти тој сè додека не заврши истрагата нема да доаѓа на работа.

Нојтгенс од 2018 година е одговорен за деловните клиенти, приватното банкарство и управување со ризици.

Според неиманувани извори, „БаФин“ истражува дали Нојтгенс зел провизија за одобрениот кредит.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top