Свет

Лоша вест за кафеџиите: Кафето уште повеќе ќе поскапува

Бразил и Виетнам беа погодени од суши и екстремни температури во последните години, поради што приносите се помали, а производството е поскапо. Од друга страна, Индонезија и Уганда се соочуваат со поплави кои ги оштетуваат посевите и го отежнуваат берењето, намалувајќи ги приносите.

Цената на кафето на глобалниот пазар е на рекордни нивоа веќе долго време и не се гледа промена надолу во следниот период. Аналитичарите дури очекуваат прекини во снабдувањето најголеми во последните 10 години.

  • „Глобалниот пазар на кафе се соочува со сериозни прекини поради климатските промени и геополитичките тензии. Сушите во Бразил и Виетнам ги намалија приносите на Арабика и Робуста, двата најшироко користени вида кафе, додека американските царини од 50% за бразилскиот извоз дополнително ги зголемуваат цените“, се вели последниот извештај  на Меѓународната организација за кафе (ICO).

Се проценува дека неодамнешното зголемување на цените на кафето е под влијание на климатските промени. Бразил и Виетнам беа погодени од суши и екстремни температури во последните години, поради што приносите се помали, а производството е поскапо. Од друга страна, Индонезија и Уганда се соочуваат со поплави кои ги оштетуваат посевите и го отежнуваат берењето, намалувајќи ги приносите.

Друг фактор се болестите. ‘Рѓата на листовите е габична болест која влијае на арабика, особено во Латинска Америка, намалувајќи ги приносите за 10-20%.

Дополнителен проблем е недостатокот на работна сила. Бербата на кафе, особено арабика, често е рачен процес кој бара многу работници. Во земји како Бразил и Колумбија, недостатокот на сезонски работници ги зголемува трошоците бидејќи фармите се борат со миграцијата на работна сила или урбанизацијата.

Трошоците на производството исто така растат. Цените на ѓубривата, пестицидите и горивото се зголемија поради глобалната инфлација и нарушувањата во синџирот на снабдување, што ги зголемува трошоците за производство. Дополнителен предизвик е прашањето за одржливоста. Без оглед на глобалниот пораст на цените на кафето, приходите на одгледувачите остануваат ниски, што ги наведува да ги напуштат своите фарми или да се префрлат на други култури како што се соја или авокадо.

Аналитичарите на Меѓународната организација за кафе не очекуваат пад на продажбата. Според нивните проценки, во светот се пијат околу 2,25 милијарди шолји кафе дневно. Тие очекуваат потрошувачката да остане иста следната година, но просечната шолја кафе ќе биде помеѓу 4 и 7% поскапа од оваа година.

Најголем светски производител е Бразил, кој покрива околу 36% од глобалното производство. Тој е главен извор на арабика, со растечко производство на Робуста. Втор е Виетнам со околу 17% удел во светското производство. По неа следуваат Етиопија со удел од 6,5%, Индонезија со околу 6% и Колумбија со околу 5%.

Најнови вести од: Свет

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан: Хезболах ветува жесток отпор

Израелската армија соопшти дека ја презела контролата врз стратешки важниот замок Бофор во јужен Либан, што претставува најдлабок воен продор на либанска територија во изминатите 25 години.

Бардела: Нашите европски партнери треба да престанат да купуваат американски „Ф-35“ и да почнат да купуваат „Рафал“

Бардела нагласува дека Франција треба да остане верна на нуклеарната доктрина развиена од поранешниот претседател Шарл де Гол, според која „виталните интереси на Франција не завршуваат на нејзините граници“.

Две третини од увозот на течен природен гас во Европа доаѓа од САД

Увозот на течен природен гас од САД е обично поскап од гасот што се испорачува преку цевковод, а заменувањето на зависноста од рускиот гас со голема зависност од друг единствен снабдувач би можело да ја изложи Европа на идна политичка и пазарна нестабилност

To top