Свет

Макрон: Само две држави е решението за Израел и Палестина

Францускиот претседател Емануел Макрон во средата изјави дека Франција останува цврсто посветена на решението за две држави како единствен пат кон траен мир меѓу Израел и Палестинците. Тој нагласи дека нема двојни стандарди во француската политика за Блискиот Исток и дека само политичко решение може да го заврши конфликтот, пренесува Ројтерс. „Само политичко решение може […]

Францускиот претседател Емануел Макрон во средата изјави дека Франција останува цврсто посветена на решението за две држави како единствен пат кон траен мир меѓу Израел и Палестинците.

Тој нагласи дека нема двојни стандарди во француската политика за Блискиот Исток и дека само политичко решение може да го заврши конфликтот, пренесува Ројтерс.

„Само политичко решение може да го врати мирот и да создаде основа за долгорочна стабилност“, нагласи Макрон.

Тој, исто така, објави дека Франција и Саудиска Арабија наскоро ќе организираат меѓународна конференција за Газа во Њујорк, со цел да се даде нов поттик за признавање на две држави – и палестинска држава и држава Израел со право да живее во мир и безбедност во регионот.

Зборовите на францускиот претседател доаѓаат во чувствителен момент, кога голем број земји во Европа разговараат за можното признавање на Палестина, додека тензиите во регионот остануваат високи, а хуманитарната ситуација во Газа е критична.

Во меѓувреме, Израел предупреди дека може да одговори со анексирање на делови од Западниот Брег доколку клучните европски земји еднострано ја признаат палестинската држава.

Израел се заканува со окупација на дел од палестинскиот Западен Брег

Најнови вести од: Свет

ЕУ ризикува конфликт со САД поради гасоводот низ Босна и деловните врски на Трамп

Компанијата „AAFS Infrastructure and Energy“ е основана во ноември минатата година и не ги открива своите сопственици. Неа ја застапуваат двајца водечки членови на кампањата на Трамп за поништување на неговиот изборен пораз во 2020 година: Џеси Бинал, адвокат кој го бранеше од обвиненијата за поттикнување нереди на Капитол Хил по неговиот пораз, и Џо Флин, брат на поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател.

Што и да правам околу Иран, очигледно функционира, вели Трамп

Американскиот претседател за „Би-би-си“ упатил и критика кон Обединетото Кралство. Како што наведува медиумот Трамп го критикувал Кир Стармер но и британската влада за, како што тврди тој поради недоволниот ангажман на Блискиот Исток. Тој истакна дека Обединетото Кралство им дозволило на Соединетите Држави да ги користат своите бази само за „одбранбени“ воздушни напади, што за него тоа било недоволен придонес.

Челик го изнесе ставот на официјална Анкара: ЕУ е беспомошен играч на глобалната сцена!

Изјавата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен за Турција како ривал на Европската Унија го покажува губењето на политичкото влијание на организацијата, изјави Омер Челик, портпарол на владејачката Партија на правдата и развојот во Турција. Анкара остро реагираше на изјавата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен, нарекувајќи ја Европската Унија „беспомошен играч“ на глобалната сцена.

Експертите контра Европската комисија: Неточно е дека строгата регулација и забраните во ЕУ ја намалуваат стапката на пушење

Европската комисија го припишува падот на пушењето во ЕУ на строгите регулативи, додека експертите сметаат дека главниот придонес доаѓа од преминувањето на пушачите кон помалку штетни никотински алтернативи.

To top