Свет

Малта во јуни ќе ја признае Палестина

Премиерот на Малта, Роберт Абела, објави дека Малта ќе ја признае државата Палестина следниот месец. Соопштението дојде за време на политички настан каде што Абела покрена локални и глобални прашања, со посебен фокус на хуманитарната криза во Газа, објави Малта тудеј. „Не можеме да затвораме очи пред оваа човечка трагедија која се влошува секој ден“, […]

Премиерот на Малта, Роберт Абела, објави дека Малта ќе ја признае државата Палестина следниот месец.

Соопштението дојде за време на политички настан каде што Абела покрена локални и глобални прашања, со посебен фокус на хуманитарната криза во Газа, објави Малта тудеј.

„Не можеме да затвораме очи пред оваа човечка трагедија која се влошува секој ден“, весникот го цитираше малтешкиот премиер Абела, алудирајќи на бруталното израелско бомбардирање на Газа, во кое загинаа речиси 54.000 Палестинци, од кои повеќето беа жени и деца.

Абела рече дека овој потег е морална одговорност и дека Палестина ќе биде признаена по конференцијата на 20 јуни.

Премиерот беше шокиран и од трагичната смрт на деветте деца на палестинска педијатарка д-р Ала Ал-Наџар во саботата, кога израелските сили го бомбардираа нивниот дом во Кан Јунис, јужна Газа, при што сериозно беа повредени нејзиниот сопруг, лекар, а само едно од нивните деца остана живо.

Малта е подготвена да ги пречека д-р Ала Ал-Наџар и нејзиното семејство во земјата, рече Абела.

Речиси три четвртини од земјите во светот ја признаа државата Палестина

Најнови вести од: Свет

Вештачката интелигенција ја презема работата, но не и последниот збор

Резултатите покажуваат дека вештачката интелигенција добива сè поголема улога во секојдневното банкарство, особено во комуникацијата и безбедноста. Но, кога станува збор за одлуки што директно влијаат врз финансиската иднина на клиентите, банкарските службеници засега ја задржуваат предноста.

Зеленски: Ограничувањето за напади врз руските рафинерии веќе не важи

Тој ја критикуваше подготвеноста на Вашингтон да склучува деловни договори со Москва, како и очигледното восхитување на американскиот претседател Доналд Трамп кон рускиот претседател, пренесува „Фајненшел тајмс“

To top