Свет

Макрон: Европа ќе биде збришана за пет години ако…

Ако сакаме да бидеме набљудувачи, тогаш тоа води кон среќно покорување, вели францускиот претседател

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Европа ќе биде збришана за пет години ако не направи ништо за да стане учесник, а не само набљудувач на светските настани.

„Ако сакаме да бидеме набљудувачи, тогаш тоа води кон среќно покорување. Ние не му пречиме на никого, се обидуваме да бидеме добри кон Американците, а со Кинезите продолжуваме како и досега. Ви велам, ако не направиме ништо, Европа ќе биде збришана за пет години“, рече Емануел Макрон во интервју за „Зидојче Цајтунг“.

Според него, Европа секогаш пропаѓала кога била бавна и поделена.

„Земете ја, на пример, финансиската криза. Зошто тогаш ни беше толку лошо? Финансиската криза потекнува од САД. Но, ние страдавме десет пати повеќе од самите Американци бидејќи реагираа брзо и колективно. За нас тоа беше асиметричен шок, бевме поделени. И ни требаа пет до десет години да се справиме со таа криза, асиметрично помеѓу северот и југот. На крајот на краиштата, таа ги погоди сите“, рече Макрон.

Тој го опиша почетокот на војната во Украина како „невиден шок“ за Европа.

Зборувајќи за заканите на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со Гренланд, Макрон рече дека никој не знае колку далеку се подготвени да одат САД.

„Минатото лето имаше врв со казнени царини, по што следеше договорот во Шкотскиот голф клуб. Луѓето велеа, тоа е тоа со царините! Сега сè ќе биде во ред! Не верувајте ни секунда, сè уште не е завршено. Погледнете што ќе се случи во фармацевтскиот сектор, гледајте како ова ќе продолжи. Секој ден, секоја недела, ќе има нови закани“, рече Макрон.

Макрон предупреди дека кризата поврзана со Гренланд не е завршена и дека тоа е длабок геополитички прекин.

На прашањето дали сè уште бара разговор со рускиот претседател Владимир Путин, Макрон рече дека комуникациските канали се обновени на техничко ниво и дека е потребен заеднички европски пристап.

Најнови вести од: Свет

Хаотичниот систем за влез / излез во Европа може да потрае и до две години и да ги измачува патниците!

Два месеци по лансирањето на новите биометриски гранични проверки во Европа, долгите редици и недоследните процедури продолжуваат да ги фрустрираат патниците. Функционер на Фронтекс предупредува дека проблематичниот систем за влез/излез може да потрае до две години за целосно да се стабилизира, перспектива што туристичката индустрија ја нарече „многу болна“, објави „Еуроњуз“.Фронтекс, агенцијата која помага во управувањето со надворешните граници на ЕУ, призна дека собирањето биометриски податоци е едно од главните проблеми што предизвикуваат проблеми во почетната фаза на шемата.

To top