Свет

Мисајловски на Самит за вештачка интелигенција во областа на одбраната

За време на престојот во Шпанија предвидено е македонскиот министер за одбрана да оствари средба со министерката Фернандес со цел унапредување на билатералната одбранбена соработка

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, на покана на министерката за одбрана на Кралството Шпанија, Маргарита Роблес Фернандес, денеска и утре ќе присуствува на отворањето на третиот глобален меѓународен Самит за вештачка интелигенција во областа на одбраната – REAIM, кој оваа година се одржува во А Коруња, Шпанија.

Меѓународниот самит е во организација на министерствата за одбрана и за надворешни работи на Шпанија.

Како што информираат од Министерството за одбрана, за време на престојот во Шпанија предвидено е Мисајловски да оствари средба со министерката Фернандес со цел унапредување на билатералната одбранбена соработка.

REAIM е глобален меѓународен самит каде што високи претставници на држави, меѓународни организации, експерти од академската заедница, приватниот сектор и граѓанското општество се состануваат за да разговараат како вештачката интелигенција (AI) да се развива и да се користи во воени цели на начин што ги поддржува меѓународниот мир и безбедноста.

Најнови вести од: Свет

(Фото): Тешка несреќа во Унгарија, автобус излета од патот, 12 мртви

Спасувачките екипи веднаш излегле на местото на настанот и ги пронашле патниците низ прозорците на автобусот. Некои од патниците биле заробени под возилото, поради што спасувачката операција траела во текот на целото утро.

(Видео): Пожарникарите објавија шокантни снимки од центарот на пожарот во Омиш

Нови жаришта на хрватското приморје додека повредени се борат за живот по пожарот кај Омиш. Пожарот изгоре околу 900 хектари, едно лице загина, а седум се борат за живот. Бројни згради беа оштетени и уништени, а десетици луѓе беа повредени.

Најнови вести

To top