Свет

Бугарски министер убедува: Францускиот предлог ќе се спроведе

Европскиот парламент го одложи за 24 јуни годишниот извештај за напредокот на Македонија кон ЕУ, но бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев нагласи дека Бугарија е загрижена од изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, кој, како што вели, си дозволил да објавува работи „кои доаѓаат од кујната“ на независното европско законодавно тело. „Секогаш сме велеле […]

Европскиот парламент го одложи за 24 јуни годишниот извештај за напредокот на Македонија кон ЕУ, но бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев нагласи дека Бугарија е загрижена од изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, кој, како што вели, си дозволил да објавува работи „кои доаѓаат од кујната“ на независното европско законодавно тело.

„Секогаш сме велеле дека европската интеграција на земјите од Западен Балкан, вклучително и Република Македонија, е и во наш интерес и приоритет, инвестиција во заедничката безбедносна архитектура на целиот регион. Сепак, сакаме да се почитува принципот на нашите заслуги.

Инсистираме на спроведување на консензусот од 2022 година, бидејќи тој е оној што квалитативно и објективно го мери напредокот на земјата“, рече бугарскиот министер за надворешни работи.

Во писмо до своите колеги, бугарските европратеници изразија сомнежи во интегритетот на Извештајот и пријавија неправилности, вклучително и неовластено и предвремено протекување на внатрешни парламентарни информации, клучни елементи од нацрт-документот и компромитирачки амандмани упатени до властите во Скопје.

Бугарските медиуми како пример ја споделија изјавата на премиерот Мицкоски, од 1 јуни, дека однапред бил многу детално запознаен со извештајот.

 

Бугари се фалат дека тие го блокирале Извештајот на ЕП за Македонија

 

 

Најнови вести од: Свет

Зошто светската енергетска криза ќе трае долго?!

Дури сега светот ќе се соочи со недостиг од нафта, бидејќи Иран во меѓувреме ефикасно го блокираше Ормускиот теснец, клучна поморска рута низ која поминува петтина од светските потреби за нафта, како и големи количини течен природен гас.

Бивш амбасадор на САД: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

Иво Далдер нагласи дека изјавите на Трамп, во кои тој објавува дека САД можеби нема да ги бранат сојузниците од идна воена агресија од страна на Русија или други противници, ја дестабилизираа алијансата и го потресоа глобалниот поредок

Најнови вести

To top