Свет

САД ја нападнаа Исламска држава во Нигерија со цел да ги заштитат христијаните

Министерството за надворешни работи на Нигерија ги потврди нападите во соопштение и посочи дека однапред добило известување, наведувајќи дека „нигериските власти остануваат ангажирани во структурирана безбедносна соработка со меѓународните партнери, вклучително и Соединетите Американски Држави, во решавањето на постојаната закана од терористички и насилен екстремизам“.

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека САД извршиле „моќни и смртоносни“ напади против силите на терористичката организација Исламска држава во Нигерија, откако претходно со недели ја обвинуваше владата на оваа западноафриканска земја дека не успеала да го запре прогонот на христијаните.

– Вечерва, по моја наредба како врховен командант, Соединетите Држави извршија силен и смртоносен удар против терористичкиот џган на Исламската држава во северозападна Нигерија, кој прогонува и свирепо убива, пред сè, невини христијани, на нивоа какви што не се видени со години, па дури и со векови, напиша Трамп на платформата „Трут Соушл“ (Truth Social).

Тој додаде дека „претходно ги предупредил овие терористи дека ако не го запрат колењето на христијаните, ќе настане пекол“, наведувајќи дека тоа „се случи вечерва“. Трамп исто така изјави дека биле извршени „бројни совршени удари“.

Американската команда за Африка (AFRICOM), која ги надгледува американските воени операции во Африка, соопшти дека нејзината „првична проценка е дека повеќе терористи на Исламската држава се убиени во нивните кампови“ во Нигерија.

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, на Х наведе дека американскиот претседател „минатиот месец беше јасен: убивањето невини христијани во Нигерија (и на други места) мора да престане“. Тој додаде дека Исламската држава го дознала тоа „вечерва – на Божиќ“.

– Ќе бидат објавени повеќе информации … Благодарен сум на нигериската влада за поддршката и соработката, рече Хегсет.

Министерството за надворешни работи на Нигерија ги потврди нападите во соопштение и посочи дека однапред добило известување, наведувајќи дека „нигериските власти остануваат ангажирани во структурирана безбедносна соработка со меѓународните партнери, вклучително и Соединетите Американски Држави, во решавањето на постојаната закана од терористички и насилен екстремизам“.

– Тоа доведе до прецизни удари на терористички цели во Нигерија преку воздушни напади на северозапад. Терористичкото насилство во која било форма, без разлика дали е насочено кон христијани, муслимани или други заедници, останува навреда за вредностите на Нигерија и за меѓународниот мир и безбедност, се вели во соопштението на нигериското министерство.

На почетокот на ноември, Трамп изјави дека му наложил на Пентагон да се „подготви за можна акција“ во Нигерија, тврдејќи дека нигериската влада не прави доволно во борбата против прогонот на христијаните во таа земја.

Најнови вести од: Свет

Тајландски функционер убиен во неговата канцеларија од поранешен пратеник

Вооружен човек уби тајландски функционер во канцеларија на локалната самоуправа на периферијата на главниот град Бангкок во понеделникот, соопштија властите, неколку дена откако пукањето во училиште во истата покраина повторно ја разгоре дебатата за контрола на оружјето.

Дали британскиот премиер ќе поддржи создавање „Европска конфедерација“ што би ја вклучила и Македонија?!

Британскиот премиер Енди Бернам доби предлог од поранешен член на Конзервативната партија во оваа земја, за создавање „Европска конфедерација“ во која би била вклучена и Македонија.

Најголемата канадска провиција сака да е „отцепи“ и да стане дел од САД

Баба на четири деца, вели дека се приклучила на движењето за да ги заштити своите внуци од глобалните елити и нивниот наводен план за „нов светски поредок“. Таа не му верува на канадскиот премиер Марк Карни, но му верува на Доналд Трамп

САД и Кина во трка за освојување на јужниот пол на Месечината

Ривалството меѓу САД и Кина се префрла во вселената, каде што двете сили ја засилуваат трката за освојување на јужниот пол на Месечината и за воспоставување трајно човечко присуство надвор од Земјата.

To top