Свет

Трамп доби награда за мир од ФИФА (ВИДЕО)

Наградата за мир на ФИФА која беше промовирана вчера е нова награда, која ќе се доделува годишно на некој што презел исклучителни и извонредни акции за мир и со тоа ги обединил луѓето низ целиот свет

Американскиот претседател Доналд Трамп е награден со првата награда за мир на ФИФА, објавија медиуми

Ова се случи за време на ждрепката за Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Тој истакна дека ова е една од најголемите почести што некогаш ги добил во својот живот.

„Спасивме милиони животи во Конго. Ја запревме војната меѓу Индија и Пакистан пред да започне“, рече Трамп.

Според него, светот сега е побезбедно место. САД не се снаоѓаа добро пред една година, нагласи тој.

Доналд Трамп му честиташе на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Според него, тој направил прекрасна работа, осврнувајќи се на продажбата на рекорден број билети за Светското првенство.

Наградата за мир на ФИФА е нова награда, која се доделува годишно од 2025 година на некој што презел исклучителни и извонредни акции за мир и со тоа ги обединил луѓето низ целиот свет.

Најнови вести од: Свет

Шпанија експресно врати десетици илјади мигранти кои пливајќи стигнаа до нејзиниот брег

Шпанските власти соопштија дека најмалку 61 лице загинало обидувајќи се да ја премине границата во Сеута – од 60.000 мигранти кои влегле на шпанска територија од Мароко, 53.000 се вратени во Мароко, соопштија властите.

To top