Свет

Трамп ќе гради „Златна купола“ за одбана на САД

„Златната купола“ е инспирирана од израелскиот одбранбен систем „Железна купола“, но ќе биде значително поголема

Проектот  со амбициозен датум на завршување од 2028 година поставен од американскиот претседател Доналд Трамп би требало да биденов систем за ракетна одбрана наречен „Златна купола“.

Да потсетиме, стратешка одбранбена иницијатива со подбивен прекар програмата „Војна на ѕвездите“, беше предложен систем за ракетна одбрана наменет да ги заштити Соединетите Американски Држави од напад со балистички нуклеарни ракети. Програмата беше објавена во 1983 година од претседателот Роналд Реган.

Проектот би имал четири слоја на заштита – еден вселенски и три копнени – со 11 батерии со краток дострел распоредени низ континенталните САД, Алјаска и Хаваи, дознава Ројтерс..

Според презентацијата насловена како „Оди брзо, размислувај на големо!“, се очекува системот да чини околу 175 милијарди долари, но сè уште не е јасно колку места за лансирање, пресретнувачи, копнени станици и ракетни места.

….

Една од клучните цели на „Златната купола“ е да соборува ракети во таканаречената фаза на забрзување, додека сè уште полека и предвидливо се искачува низ атмосферата. Планот е да се развијат вселенски пресретнувачи кои би можеле побрзо да реагираат на заканите. Во презентацијата се наведува дека САД никогаш не произвеле вселенско летало кое може да ја издржи топлината на повторно влегување и да таргетира непријателска ракета.

„Златната купола“ ја предводи генералот на американската вселенска команда, Мајкл Гетлајн, кој има 30 дена од неговото назначување на 17 јули за да состави тим, уште 60 дена за да презентира почетен дизајн на системот и 120 дена за комплетен план за имплементација, вклучувајќи сателити и копнени станици.

Според Ројтерс, проектот, доколку биде успешен, ќе создаде повеќеслоен одбранбен штит без преседан во американската историја – еден вид „Железна купола“ прилагоден на големината и заканите со кои се соочуваат Соединетите Американски Држави.

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата на најниско ниво во последниве два месеци

Јужнокорејскиот KOSPI скокна за 7,4 проценти, јапонскиот Nikkei за 2,7 проценти, кинескиот CSI300 за 1 процент, додека хонгконшкиот Hang Seng порасна за 1,3 проценти. Волстрит, исто така, порасна, при што сите три главни индекси ги забележаа своите најголеми дневни добивки од април.

Илон Маск: Работи што малкумина ги знаат за човекот кој сака да го промени светот

Откако на берзата во Њујорк почнаа да се тргуваат акциите на SpaceX, богатството на еден од најбогатите луѓе во светот – Илон Маск, стана првиот билионер во светот. Неговото богатство сега во голема мера на хартија, со малку средства надвор од удели во неговите сопствени компании, изнесува фантастични 1,05 билиони долари или приближно како домашниот бруто-производ на Швајцарија. Доколку неговите 14 деца наследат еднакви делови од неговиот имот би се рангирале на 29. место меѓу најбогатите поединци во светот.

To top