Свет

Венецуела им „предава“ милиони барели нафта на САД

Американскиот претседател изјави дека Венецуела ќе предаде помеѓу 30 и 50 милиони барели нафта, кои ќе се продаваат по пазарна вредност, а приходите ќе бидат контролирани од САД.

 

 

 

„Оваа нафта ќе се продава по пазарна вредност и овие пари ќе ги контролирам јас, како претседател на Соединетите Американски Држави, за да се осигурам дека се користат во корист на народот на Венецуела и Соединетите Американски Држави!“, напиша Трамп на неговата социјална мрежа, објави Си-Ен-Ен.

Трамп рече дека му наложил на министерот за енергетика Крис Рајт „веднаш да го спроведе овој план“.

Иако 30 до 50 милиони барели нафта звучат како многу, но само Соединетите Американски Држави потрошија нешто повеќе од 20 милиони барели нафта дневно во текот на изминатиот месец.

Таа количина нафта би можела да ги намали цените, но само малку.

Американската нафта падна за околу 1 долар за барел, или нешто помалку од 2%, на 56 долари веднаш откако Трамп го објави своето соопштение.

Продажбата до 50 милиони барели би можела да донесе многу приходи: венецуелската нафта моментално се тргува по 55 долари за барел, па ако Соединетите Држави можат да најдат купувачи кои се подготвени да платат пазарна цена, би можеле да соберат помеѓу 1,65 милијарди и 2,75 милијарди долари од продажбата.

Венецуела има стекнато значителни залихи на сурова нафта откако САД го започнаа ембаргото за нафта кон крајот на минатата година.

Но, предавањето на толку многу нафта на САД би можело да ги исцрпи нафтените резерви на Венецуела.

Не е јасно колку долго Венецуела ќе ја пренесува нафтата во САД.

Висок функционер на администрацијата рече дека трансферот ќе се случи брзо бидејќи венецуелската сурова нафта е многу тешка, што значи дека не може да се складира долго време.

Најнови вести од: Свет

Почна Октоберфест, фестивалот на пивото во Минхен

Илјадници посетители – жени во баварски фустани („дирндл“) и мажи во кожни панталони („ледерхозен“) – уште во утринските часови се упатија кон шаторите за пиво на саемскиот простор „Терезиенвизе“ во Минхен за да обезбедат добри места на клупите

To top