Свет

Ветото во ЕУ да оди во историјата, бара германскиот шеф на дипломатијата

Решението е одлучување со квалификувано мнозинство

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул повика Европската унија што поскоро да се откаже од принципот на едногласност во надворешната и безбедносната политика. Според него, блокадите од поединечни земји-членки ја загрозуваат способноста на ЕУ да реагира брзо во кризни ситуации и да делува како силен меѓународен актер, известува Дојче Веле.

Јохан Вадефул  нагласи дека искуствата од последните недели, особено во врска со помошта за Украина и санкциите против Русија, покажуваат дека сегашниот модел не функционира доволно брзо.

„Поддржувам систем на квалификувано мнозинство во ЕУ. Сите случувања поврзани со Украина и мерките против Русија потврдуваат дека е време за промени“, истакна тој.

Во Советот на ЕУ моментално постојат два модела на гласање. Во чувствителни области, како заедничката надворешна и безбедносна политика,  важи принципот на едногласност –  односно едно единствено вето го блокира целиот процес. Наспроти тоа, квалификуваното мнозинство – засновано на т.н. „двојно мнозинство“ – веќе се применува во голем број други области. За да помине одлука, потребно е најмалку 55% од земјите-членки (15 држави) кои претставуваат најмалку 65% од населението на  ЕУ.

Иако една земја може да гласа „против“, Советот сепак останува функционален – нешто што, според поддржувачите на реформата,  би ја засилило способноста на Унијата да реагира навремено.

Повеќе министри за надворешни работи на ЕУ и во минатото повикуваа на поголема употреба на квалификуваното мнозинство, меѓу нив и поранешната германска министерка Аналена Бербок.

Актуелниот пример што ја интензивира дебатата е Унгарија, која под водство на премиерот  Виктор Орбан  го блокира 90-милијардниот кредит за Украина.  Орбан ја обвинува Украина дека го попречува обновувањето на руските испораки на нафта преку нафтоводот „Дружба“, додека критичарите тврдат дека станува збор за предизборна тактика.

Најнови вести од: Свет

Помалку кондоми, кеси за ѓубре и медицински материјал – Нафтената криза се претвора во криза на сè

Притисокот сега се шири на сите делови од потрошувачкиот пазар, при што цените на материјалите како што се пластика, гума и полиестер растат. Последиците се најочигледни во Азија, која сочинува повеќе од половина од светското производство и е во голема мера зависна од увезената нафта и други суровини.

Масовно „чистка“ во Пентагон: Хегсет го смени шефот на Генералштабот и уште неколку други генерали без објаснување

Отпуштањето доаѓа во многу чувствителен момент – додека американските сили водат активни воени операции против Иран, а илјадници војници од 82-ра воздушно-десантна дивизија се упатуваат кон регионот.

To top