Свет

Во Кина пробиена планина долга 22 километри и се изгради најдолгиот автопатски тунел!

Кина го пушти во употреба најдолгиот автопатски тунел во Азија, долг 22,13 километри, кој минува низ планините во покраината Гуиџоу. Тунелот „Тјаншан Шенгли“, со модерно осветлување и бетонска конструкција, веќе се смета за едно од најзначајните инженерски остварувања во регионот.

Овој проект не поставува само нов рекорд, туку и решава долгогодишен проблем со тешко проодните и небезбедни планински патишта. Благодарение на новата делница, патувањата што порано траеле со часови по кривулести и ризични патишта, сега ќе бидат значително пократки и побезбедни. Еден од инженерите вклучени во изградбата ја спореди работата со „операција на отворено срце на планина што постојано се движи“, нагласувајќи ги сложените геолошки услови и ризиците при пробивањето низ нестабилниот терен.

Тунелот е дел од пошироката стратегија на Кина за подобро поврзување на оддалечените области преку развој на модерна автопатска мрежа. Со години државата систематски ја проширува инфраструктурата, создавајќи разгранета мрежа што овозможува побрза и посигурна комуникација меѓу градовите.

Иако станува збор за најдолгиот тунел во Азија, светскиот рекорд и понатаму му припаѓа на норвешкиот тунел Лердал, долг 24,5 километри. Со вакви проекти, Кина сè повеќе ги надминува природните пречки како планини и долини, користејќи ја инфраструктурата како клучен двигател на економскиот развој.

Најнови вести од: Свет

ЕУ почна со забраната за увоз на руски гас преку цевководи

Посебна тужба против регулативите поднесе и швајцарската компанија „Норд стрим 2 АГ“, операторот на гасоводот „Норд стрим 2“. Таа компанија бара одлуката или нејзините клучни одредби да бидат поништени, тврдејќи дека забраната ефикасно ја лишува од можноста да го користи гасоводот за комерцијални цели.

Цената на нафтата паднаа под 80 долари за барел в очи на договорот меѓу САД и Иран

Цените на нафтата на светските пазари паднаа денеска за повеќе од пет отсто, под 80 долари по барел. До оваа ситуација дојде по сигналот дека САД и Иран би можеле веќе оваа седмица да постигнат договор со кој би се овозможил непречен премин на танкерите низ Ормускиот теснец и обнова на извозор на енергенси од регионот на Персискиот залив, пренесе „Трејдинг економикс“.

Трамп: Лага е дека САД му плаќаат на Иран 300 милијарди долари за мир

Претседателот на САД, ги отфрли тврдењата дека Вашингтон му обезбедува финансиска помош на Иран, нарекувајќи ги извештаите за финансирање од САД „лажни вести“ во услови на извештаи за пакет за реконструкција вреден повеќе милијарди долари, објавија Ен-Би-Си њуз и Фајненшнел тајмс.

To top