Свет

Зеленски ја замолил Фон дер Лајен да патува со него на средба со Трамп

Покрај Фон дер Лајен и Александар Стоуб, за Вашингтон патуваат и Емануел Макрон, Кир Страмер, Фридрих Мерц, Џпрџа Мелони и шефот на НАТО, Марк Руте

Ukrainian President Volodymyr Zelenskiy and European Commission President Ursula von der Leyen attend a press conference, amid Russia's attack on Ukraine, in Kyiv, Ukraine November 4, 2023. REUTERS/Thomas Peter

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе присуствува на состанокот во Вашингтон меѓу претседателите на Украина и САД – Володимир Зеленски и Доналд Трамп.

Таа го објави ова на својот профил на социјалната мрежа X, прецизирајќи дека барањето за нејзино учество на состанокот е од Зеленски.

Фон дер Лајен посочи дека денес ќе го пречека украинскиот претседател во Брисел.

Би-Би-Си дознава дека покрај фон дер Лајен, како и финскиот претседател Александар Стуб – неколку европски лидери ќе патуваат во Вашингтон за да се приклучат на состанокот во Белата куќа меѓу Трамп и Зеленски.

Според Би=Би-Си, тоа се Емануел Макрон, Кир Страмер, Фридрих Мерц, Џпрџа Мелони и шефот на НАТО, Марк Руте.

 

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top