Свет

Зеленски сака да разговара со Трамп за „чувствителните прашања„ околу мировниот план

Сè уште има неколку точки во мировниот план кои сè уште не се решени меѓу САД и Украина

 

Разговорите за завршување на војната во Украина беа продуктивни, изјави портпаролката на Доналд Трамп, Керолин Ливит, за новинарите пред Белата куќа, објави Скај њуз..

Ливит, исто така, рече дека нема планови Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски да се сретнат оваа недела, и покрај претходните извештаи дека средбата е неизбежна.

Ревидираниот план ќе мора повторно да им се претстави на Русите, додаде таа.

„Постои чувство на итност. Претседателот сака да го види овој договор склучен и оваа војна да заврши“, рече таа.

Трамп врши голем притисок врз двајцата лидери, додаде таа.

Американскиот претседател сака да го види овој договор „што е можно побрзо“, рече Ливит кога беше прашана дали Трамп го исполнува рокот за договор за Украина до четврток.

Истовремено, украискиот претседател Володимир Зеленски изјави дека предложениот мировен план што се дискутира со САД и Европа ги вклучува „вистинските“ точки, но чувствителните прашања остануваат да се дискутираат со Трамп.

„Засега, „По разговорите во Женева, има помалку точки, веќе не се 28, а многу точни елементи се вклучени во оваа рамка“, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање.

„Чувствителните прашања, најделикатните точки, ќе ги разговарам со претседателот Трамп.“

Најнови вести од: Свет

На повеќе од 27 илјади лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола!

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000 лица им бил одбиен влезот во блокот, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.

Печатите во пасошите одат во историја: ЕУ од денеска воведува дигитална евиденција за влез и излез

Иако EES е замислен како модернизација на граничниот систем, првите денови покажуваат дека транзицијата нема да помине без нервоза, подолги чекања и потреба од прилагодување.

To top