Тема: економија

Во јуни 100 отсто од потрошената струја била од домашно производство

Според податоците од државниот завод за статистика, во јуни годинава во земјава вкупно се потрошени 296.651 мегават часови електрична енергија, 8,334 милиони нормални кубни метри природен гас, 357.500 тони јаглен и 101.113 тони нафтени продукти. 100 проценти од потрошената електрична енергија била од домашно производство, а 99,9 отсто од вкупно потрошениот јаглен се употребени за […]

Србија „повлече нога“ – ги ограничува маржите на 20 отсто за 24 трговски синџири

Дури 24 трговци на мало биле вклучени во мерката за намалување на трговските маржи, додека продавниците во селата не биле вклучени за да успеат да работат во таа конкуренција. Зборувајќи за намалувањето на каматите, претседателот на Србија рече дека целта е да се поттикне дополнителна потрошувачка.

Трајановски: За само една година пуштивме 101 километар патишта вредни 200 милиони евра

Го завршивме патот Страцин-Длабочица, Длабочица-Крива Паланка, кој е во вредност од околу 100-тина милиони евра, како и патот Градско-Дреново, па Дреново-Фариш, патот од почетокот на Гевгелија па се до влезот во Богданци, патот од Охрид до Свети Наум, вели Трајановски.

(Видео): За прв пат во историјата на Македонија наеднаш се градат многу училишта, градинки, патна инфраструктура

Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, смета дека ова е проектот кој недостасуваше 30-тина години во Македонија. Се надева дека овој проект ќе продолжи и понатаму и сериозно ќе се гради и менува државата како што тоа се прави во моментов.

Ристески: Оперативен план за вработување во вредност од 40 милиони евра

Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески кој беше дел од настанот Саем- отчет, 4 години работа за тебе стави акцент на новиот Оперативен план за вработување. Според Ристески ова е најобемниот Оперативен план. „Ова е најголемиот Оперативен план за вработување. За истиот се предводени околу 40 милиони евра. Или тоа се 7 милиони […]

Компании сами себе си плаќале кирии и вртеле пари – за сите кривични пријави

Дури девет нови компании ќе заработат кривични пријави, под сомнеж за испраќање лажни фактури – една во сметководство, друга во ревизија, трета во Фондот за иновации и технолошки развој, дознава Фактор. Дел од овие фирми, според нашите информации, меѓусебно си наплаќале кирии, користеле исти софтвери и исти алатки, а предметите веќе се подготвени за пријава. […]

Унгарската компанија „4иГ“ единствена дала понуда за трет мобилен оператор

Потенцијалниот нов мобилен оператор во земјава, според условите од тендерот, треба да почне со работа на крајот на 2026 година. Министерот за транспорт кажа дека конкуренцијата е здрава работа и оти очекува пониски цени во мобилната телефонија.

Просечната плата во Македонија стигна 740 евра – но дали секој ги добива овие пари?!

Намалување на просечната бруто-плата, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите финансиски дејности и дејности на осигурување за 8,2 отсто, трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли за 4,1 отсто и транспорт и складирање за 2 отсто.

Компаниите ќе ги добијат парите од солидарниот данок, вели Владата

Министерството за финансии, како што објави министерката Гордана Димитриеска Кочоска, постапува по задолжение на Владата за решавање на состојбата со компаниите кои уплатија средства врз основа на Законот за солидарен данок.

Растат кредитите: Колку милијарди евра должат граѓаните во банките?!

И овој месец граѓаните најмногу се задолжувале со потрошувачките и станбените кредити, кај кои е забележан месечен раст од 1%,додека на годишно ниво кај потрошувачките кредити зголемувањето е од  9,8%, а кај станбените 15,3%.

To top