Тема: Македонија

Тошковски: Никогаш не сум разговарал со странски дипломат за прифаќање мигранти! Ова е Македонија, а не Албанија!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави за ТВ Канал 5 дека секоја година се намалува бројот на мигранти што поминуваат низ Македонија за пет, седум, осум проценти, како и дека годинава од страна на Министерството за внатрешни работи не е одобрено ниту едно барање за азил.

(Видео): Образованието треба да се фокусира на развој и вештини, вели бизнисменот Кастриот Арифи

Кастриот Арифи се образувал во македонскиот образовен систем, но во својата професионална кариера имал среќа да работи со искусни и стручни лица, од кои многу да научил, работејќи како консултант во Глобал Дата, менаџер за продажба во земјата за Банини од Србија, регионален менаџер за продажба, виш бизнис аналитичар и директор за продажба во Винаријата „Тиквеш“ АД и М6 Инвестментс.

Работници ќе нема ни за лек – Хрватска издаде 11.384 дозволи за Македонци, но ги заострува и условите за странци

Измените на Законот за странци воведуваат построги здравствени услови и го поттикнуваат учењето на хрватскиот јазик, а статистиката покажува дека оваа година, и покрај помалиот број издадени работни дозволи, бројот на осигурени лица е зголемен, што укажува на подобро планирање од страна на работодавачите.

(Фото): Претседателката Сиљановска-Давкова ја посети шивалната на затвореничките во „Идризово“

Идејата е затворите да бидат економска единица што ќе прави приход, не само за затворот, туку и за целиот затворски систем и за државата, велат надлежните. Претседателката рече дека на крајот од посетата си купила неколку креации за кои рече дека ќе ја потсетуваат не само на луѓето што ги сретнала, туку и на тоа дека мора да се работи на подобрување на условите за затвореничките.

Додека САД трупаат резерви на бакар, Македонија „го складира“ под земја

Аналитичарите предвидуваат недостиг на пазарот на бакар од 124.000 тони оваа година и 150.000 тони следната година. Побарувачката за бакар е поттикната од глобалните инвестиции во модернизацијата и проширувањето на електропреносните мрежи, а енергетската транзиција, која вклучува технологии за обновлива енергија како што се ветерниците и фотоволтаиците, исто така ќе ја зголеми потребата за бакар.

Еден од пет луѓе во Македонија користи алатки на вештачката интелигенција, во ЕУ речиси секој трет

Во Македонија еден од петмина (22%) на возраст од 16 до 74 години, годинава користел алатки за генеративна вештачка интелигенција. Повеќето ги користеле за лични цели (15,76%), додека 8,55% ги користеле за работа. Речиси еден од десет (9,4%) ја користеле за формално образование.

Со „Предлог-заклучоците“ Советот на ЕУ ја претвора Македонија во „гробишта за европските резолуции и Копенхагенските критериуми“!

„Бугарското негирање на посебноста на идентитетот и историјата на македонската нација служи како оправдување за бруталната војна на агресија и културно уништување. Оваа националистичка патологија стана официјална политика на ЕУ! Барањата на Бугарија кон С.Македонија се неправедни: додека Бугарија инсистира на вклучување на Бугарите како конститутивен народ во македонскиот устав, таа упорно го негира постоењето македонско малцинство во Бугарија!“ – нагласува д-р Улф Брунбаер во својот научен труд со наслов „Страничните ефекти од ‘фантомските болки’: како бугарската историска митологија го попречува пристапувањето на С.Македонија во ЕУ“. Трудот е објавен на 4 јануари 2023 година во научното списание „Споредбени студии за Југоисточна Европа“. Професорот Брунбауер е австриски историчар и академски директор на Институтот Лајбниц за студии за Источна и Југоисточна Европа во Регенсбург, Германија. Неговите аналитички заклучоци од овој труд претставуваат жестока и аргументирана критика на политиката на Европската унија кон Република Македонија и нејзиното газење на сопствените Копенхагенски критериуми за проширувањето.

Мора да се најде решение со Бугарија за деблокада на евроинтеграциите, рече Муцунски од Брисел

Муцунски оцени дека самитот е важна можност да се потврди стратегијата на ЕУ за проширување и да се испрати позитивна порака до регионот, но и да се отворат конкретни разговори за надминување на билатералните пречки кои го кочат напредокот на Македонија.

Избрана банката која ќе ја финансира изградбата на брзата железница од Табановце до Богородица

Изведувачот на работите на брзата пруга ќе се избере преку таканаречен конкурентен дијалог. Овој проект е предвидено да чини околу две милијарди евра и е дел од стратешкиот договор со Велика Британија. Според Николоски, актуелните случувања во Бугарија не би требало да влијаат врз текот на процесот за изградба на пругата од Коридорот 8.

Државните Електрани на Македонија со 97 милиони евра ќе градат фотоволтаична централа

Кредитот од Европската банка за обнова и развој е со рок на отплата од 15 година со вклучен грејс период од 3 години. Каматата и за овој кредит е варијабилна. се состои од шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за маргина од 1%. АД ЕСМ – Скопје, ќе и плати на Европската банка за обнова и развој еднократна провизија во висина од 1 % од износот на заемот.

To top