Тема: топ

Иван, Јован и Марио ја освоија наградата „Средношколец милионер“

Награда е 1.000.000 денари на првото издание на најголемиот и најамбициозен натпревар за средношколски бизнис идеи во Македонија, организиран од страна на „Бреинстер“ кој кулминираше синоќа во Скопје

Пензионерите пред суд ќе протестираат за линеарно зголемување на пензиите

Уставната судијка Добрила Кацарска, на своја иницијатива го оспори последното линеарно зголемување, како неуставно. Минатата година, кога почна линеарното зголемување на пензиите, таа не виде повреда на Уставот и не покрена никаква иницијатива.

Пак „летајте“ по улици – камерите на „Сејф сити“ во лов на прекршоци

Со воведувањето на „Сејф сити“, властите очекуваат значително намалување на бројот на несреќи и подигнување на сообраќајната култура, но останува прашањето – дали дисциплината може да се наметне со камери или мора да дојде од свеста на возачите?

Пензиите во Србија се зголемуваат за 50 евра

Во Србија, во претходната година, од декември 2024 година, кога пензиите беа зголемени за 10,9 проценти, до декември 2025 година, пензиите кумулативно се зголемиле за 24,4 проценти, што е далеку повисоко од инфлацијата во овој период, која беше едноцифрена.

Стражај: Македонија има и свои граници, не може барањата на Бугарија да одат во недоглед!

„Македонија има горчливо искуство со ставањето на билатералните прашања во евроинтеграцијата. Вие со децении се подготвувате за пристапување и сте уморни од овие процеси. Но сега во Европската Унија има моментум за проширување, којшто треба да се искористи, во исто време продолжувајќи со спроведување на реформите. Пристапувањето сега го загрозуваат билатерални прашања, кои се вклучени во проширувањето и поради начинот на гласање во ЕУ ова e навистина голем проблем за некои држави вклучувајќи ја и вашата. Ова може да продолжи да биде проблем, ако начинот на донесување одлуки не се промени во иднина.“ – вели директорот на Словачката асоцијација за надворешна политика од Братислава Томаш Стражај во разговор за Македонската информативна агенција – МИА.

To top