Тема: уставни измени

Гаши: Во трка сме со времето во однос на членството со Европската унија

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на трибина организирана од Европското движење, порача дека сме во трка со времето околу членството во ЕУ и се плаши – дека ќе го изгубиме. Според Гаши, нема никаква корист од изнаоѓање виновници околу блокадата на евроинтеграцијата и тој преферира да најдеме пат, т.е. решение и да стигнеме до целта.

Манасиевски: СДС ги распродадоа македонските национални интереси, а сега и Филипче е подготвен за уставни измени веднаш без услови и гаранции!

„Од СДС постојано се претставуваат како проевропски, затоа што веројатно тоа им е единствен аргумент,кој го имаат откако додека беа на власт ги распродадоа македонските национални интереси. Овој нивни аргумент не е поткрепен со нивното однесување во јавноста. Филипче се однесува како да го знае само тој патот кон ЕУ, а неговата шема не познава никакви црвени линии.“ – нагласи Валентин Манасиевски, пренесувајќи ја реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.

Мицкоски за притисокот на Филипче за уставни измени: Голтарите, кои станаа милионери, сакаат пак да ја клекнат Македонија на колена!

Тврдењата на опозициската СДСМ дека уставни измени треба да се направат по секоја цена, според премиерот Христијан Мицкоски говори дека оние кои веќе еднаш тоа го направиле, а притоа ништо добро на државата не и донеле, сега без нималку срам на македонските граѓани им велат дека уште еднаш ќе ги клекнат на колена, ќе чепкаат по нивната душа со цел да заработат уште некој милион со тоа што ќе потпишат се што ќе им дадат. „ Само неколкумина од голтари станаа милионери, денеска без нималку срам излегуваат пред македонските граѓани и велат уште еднаш ќе ве клекнеме на колена ако ни дадете можност, уште еднаш ќе играме на вашето достоинство, уште еднаш ќе чепкаме по вашата душа, ама ние уште еднаш ќе заработиме по некој милион и ако бел лист хартија ни стават на маса ќе го потпишеме.“ – посочи Мицкоски.

Попов: Уставни измени може да има само кога ќе имаме предвидливост што ќе следи по нив, не можеме вечно да се обезличуваме национално

„Ако направиме сега уставни измени и започнеме преговори со ЕУ, тие ќе завршат на првата идентитетска одлика на македонскиот народ.“ – рече пратеникот Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ во настап на ТВ 24, осврнувајќи се на позицијата на Македонија во преговорите со ЕУ.

Вајц: Билатералните прашања треба да ги решаваат самите земји билатерално –  Ова е година на спроведување уставни измени и реформи

„Билатералните прашања треба да ги решаваат самите земји билатерално. Тие не треба да играат улога во идните преговори со ЕУ. Сите ние, а јас сум австриски државјанин, имавме многу билатерални прашања кои требаше да ги решиме во последните 70-80 години. Потребно е време, исто така и за историјата е потребно време и ние не треба да поврзуваме никакви политички одлуки со овие прашања.“ – изјави известувачот на Европскиот парламент за Македонија Томас Вајц во интервју за „360 степени“ по претставувањето на нацрт-извештајот за Македонија во Комитетот за надворешни работи (АФЕТ)  на Европскиот парламент вчера.

To top