Архива за: 09.06.2025

Бугари се фалат дека тие го блокирале Извештајот на ЕП за Македонија

На барање на групата на ЕНП, поддржано од сите бугарски европратеници, известувачот Томас Вајц побара и доби одложување на гласањето во Комитетот за надворешни работи на ЕП за долгоочекуваниот годишен извештај за напредокот на Македонија во Скопјe за 24 јуни, пишува бугарскиот весник Сега Во писмо до своите колеги, бугарските европратеници изразуваат сомнежи во интегритетот […]

Финансиската полиција ќе го чешла случајот Александрополис за сторен криминал

Поранешни членови на управни и надзорни одбори и функционери од претходната Влада добија кривични пријави затоа што закупиле капацитет за гас во терминалот во Александрополис, за што потрошиле 5 милиони евра од буџетот, но гасот никогаш не стигнал во земјава. Претставници на АД Електрани на Македонија информираа дека поднеле кривична пријава до Финансиската полиција и […]

Одложено гласањето за нацрт извештајот во ЕП за Македонија за 24 јуни

На предлог на известувачот Томас Вајц, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) денеска го одложи гласањето за усвојување на Извештајот за земјава за 24 јуни. Иако Вајц истакна дека цврсто стои зад содржината на извештајот, тој одлучи да им даде простор на европратениците, главно од Бугарија. Европскиот парламент повикува на брз прогрес во […]

Димитровски: Бараат „Бугари во устав“, а не признаваат Македонци во Бугарија

Заменик министерот за надворешни работи Зоран Димитровски-Жоро, во гостувањето на Канал 5 во Само вистина, рече дека бугарските условувања се апсурдни, затоа што бараат нивни граѓани да бидат ставени во македонскиот Устав, а самите тие тоа не го направиле со нивните малцинства. „Апсурдно е да барате од некои, нивните граѓани да бидат дел од нашиот […]

Илон Маск се сврте против Трамп

Милијардерот Илон Маск, кој до пред неколку дена беше дел од тимот на Доналд Трамп како специјален државен службеник во Одделот за владина ефикасност (DOGE), изрази екстремно негодување против клучниот закон поддржан од Доналд Трамп. Законот вклучува намалување на даноците, даночни олеснувања, зголемување на трошоците за одбрана и гранична безбедност, намалување на Медикејр (програма за […]

Фетаи: Се обидоа да ја саботираат ВРЕДИ за да ја вратат ДУИ, но не успеаја

Арбен Фетаи вели дека името ВРЕДИ не е само коалициско име, туку национален проект и жив доказ дека Албанците можат да се обединат. Фетаи рече дека се направени обиди за шверцување на гласовите на граѓаните и саботирање на ВРЕДИ, но според него, ова не успеало. „Веруваме дека Албанците заслужуваат повеќе, повеќе правда, повеќе развој и […]

Израел забрани приод до центрите за дистрибуција на храна во Газа

Центрите за дистрибуција на храна и помош во Појасот Газа ќе бидат привремено затворени денес, соопшти нова агенција поддржана од САД, а израелската војска предупреди дека патиштата што водат до дистрибутивните точки „се сметаат за борбени зони“. Дваесет и седум лица беа убиени вчера во јужна Газа кога израелските трупи отворија оган во близина на […]

Син на босански политичар пијан усмртил тројца млади

Кантоналниот суд во Мостар го прифати предлогот на Обвинителството на Херцеговачко-неретванскиот кантон и донесе одлука со која на Марко Шљивиќ (28) од Чапљина му е одреден притвор од еден месец, почнувајќи од 31 мај, кога беше уапсен, објави Телеграф. Синот на политичарот Шљивиќ е приведен поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Тешки кривични дела […]

Поштенска марка по повод 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик

По повод 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик денеска ќе се одржи промоција на јубилејна поштенска марка. Како што соопштија од Министерството за култура и туризам, на промоцијата што ќе се одржи во Порта Македонијаќе се обрати ресорниот министер Зоран Љутков.

На 12 јуни избор на нов министер за здравство

„Изборот на новиот министер за здравство ќе биде на дневен ред на седницата закажана за 12 јуни.“ Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека се прават напори ова да се случи порано, на 5 или 9 јуни. Мицкоски посочи дека одлуката за назначување на новиот министер за здравство, Азир Алиу, е донесена минатата недела, […]

Кремљ: Вежбите на НАТО во Балтикот се подготовка за можен воен конфликт со Русија

Воените вежби на НАТО во балтичкиот регион се дел од подготовките на алијансата за можен воен конфликт со Русија, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Грушко, како што објави новинската агенција ТАСС. „Ја оценуваме воената активност на НАТО како дел од подготовките за воени конфликти со Русија“, го цитираше Грушко, ТАСС. Овој месец се […]

Како среде лето – денеска до 35 степени

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, предвидуваат метеоролозите за денеска. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 11 до 35 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена […]

To top