Архива за: 07.10.2025

(Видео): Кој го злоупотребувал системот за социјална помош?!

Проблеми, колку да сакаш. Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски откри дека има злоупотреби во системот за социјална помош. Како што вели, веќе има оформени предмети.

Во изборна кампања Европскиот универзитет во Тирана го прогласи Али Ахмети како „Почесен доктор на науки“ за „придонесот кон правата на Албанците“!

Со оглед дека „високото научно признание“ содржи и израз „доктор на науки“, иако само почесен, штом е образложено дека лидерот на ДУИ и „Врховен командант на УЧК во 2001“ Али Ахмети го добива, поради „дадениот придонес за правата на Албанците“, прашање е само дали можеби „почесниот докторат на науки“ го заслужил за тоа што „воспоставил“ некаква „нова научна теорија“ како се пука од калашников, или за „научен придонес кон воената тактика и оператика во борбата со непријателите“ во државата, во која живеел и живее и натаму, во Република Македонија, а на која и натаму ѝ се заканува со можна дестабилизација?!

Инспекцијата изрекла казни тешки два милиони евра за само една година

Еден од предлозите, кој сигурно ќе го прифатиме, за поголемо почитување на Законот за нефер трговски практики е зголемувањето на казнената политика. Предлогот е сегашната казна од 20.000 евра повеќекратно да се зголеми што и не е многу со оглед што станува збор за големи супермаркети и трговски компании во земјава, најави заменик-министерот за економија, Марјан Ристески.

To top