Архива за: 22.05.2026

Македонија најнапредна во реформската агенда од сите во регионот, затоа ЕУ ѝ додели најмногу пари – 65,7 милиони евра!

Македонија доби најмногу пари од кандидатите за ЕУ. Европската комисија денес стави на располагање 49 милиони евра за Албанија, 44,2 милиони евра за Црна Гора и 65,7 милиони евра за Македонија од „Програмата за реформи и раст“. Ова следува по третото барање за исплата и позитивната оценка на Комисијата за спроведените реформски чекори во областите на деловната конкурентност и иновациите во Албанија и Црна Гора, како и образованието и дигитализацијата во Македонија. Со ова Европската комисија ја испрати една од најпозитивните пораки за Македонија во последните години, оценувајќи дека земјата покажува сериозен напредок во спроведувањето на реформите поврзани со европскиот План за раст за Западен Балкан. Во документот објавен од Брисел, Македонија практично е издвоена како еден од најподготвените партнери во регионот кога станува збор за исполнување на реформските обврски и користење на европските фондови. Во време кога земјитe-кандидатки за влез во ЕУ се заложници на билатерални спорови, особено Македонија, Европската комисија индиректно порачува дека реформскиот капацитет на Македонија не е спорен.

Синдикалната кошница поевтина за 54 денари за мај – За живот на едно семејство потребни се 69.000 денари

Мајската вредност на минималната синдикална кошничка е 68.743 денари. Толку пари се потребни за намирување на основните месечни потреби на просечно четиричлено семејство што живее во сопствен дом. Трошоците се за 54 денари пониски во однос на априлските, кога жиевеачката чинела 68.797 денари.

(Видео): Како изгледаат половина милион евра кеш сокриени во комбе – ги најде кучето од Царина

Царинските службеници забележале преправки на возилото, по што е ангажирано царинско куче, кое сигнализирало можност за криумчарење токму на сомнителното место. Сомнежите дополнително се потврдени по скенирање на возилото од страна на Службата за мобилни скенери. По демонтажа на дел од конструкцијата, инспекторите откриле 500 000 евра во кеш, сокриени во специјален простор во возилото.

„Докторот“-измамник П.С.од Охрид осуден на 5 и пол години затвор, бидејќи зел 56 илјади евра од осум граѓани од Штип и Виница за „итни операции“ на нивни блиски!

Пет години и шест месеци затвор доби П.С. од Охрид, кој во текот на јануари годинава измамил осум повозрасни граѓани од Штип и Виница, претставувајќи се како доктор и барајќи пари за наводни итни операции на нивни блиски. Ги убедувал дека нивните деца или внуци имаат „тешки повреди“ и оти „итно се потребни пари за операција“.

Устен демарш за албанскиот амбасадор во Македонија Мејдани, поради изјавите, кои претставуваат мешање во нејзините внатрешни работи

„Устен демарш му бил упатен денеска на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Албанија во Република Македонија Денион Меидани, кој бил повикан во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.“ – објави „Плус инфо“.

Мицкоски: Протестирачите-идни правници, ги прекршија законите за знамиња, за државната химна, Уставот! Имаше и надворешни мешања во внатрешните работи на РМ!

Премиерот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски изјави дека го поддржува правото на протест, но оцени дека на протестот во Скопје, на кој се бараше правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик, биле прекршувани закони и Уставот. „Поддржувам протести секогаш, тоа е демократско право да се поддржат протести. Но, мене лично ми пречитоа што протестантите, коишто практично се правници, коишто се борат за право, го прекршуваат законот, да речеме законот за знамињата. Законот за државната химна, Уставот и така натаму.“ – нагласи премиерот.

Вест важна за македонската евроинтеграција: Пет земји членки на ЕУ предлагаат „систематска“ постепена интеграција на Западниот Балкан во единствениот пазар!

Пет земји членки на Европската Унија предложија „активна и систематска“ постепена интеграција на земјите од Западен Балкан во главните сектори на единствениот пазар на ЕУ пред нивното полноправно членство, врз основа на постигнатите резултати во усогласувањето со европското законодавство и владеењето на правото, со цел да се одржи динамиката на проширувањето, да се забрзаат реформите и да се спречи влијанието на трети земји. Во нон-пејперот, потпишан од Австрија, Чешка, Италија, Словачка и Словенија, се наведува дека постепената интеграција по сектори, „како меѓучекор кон целосната европска интеграција“, треба да се спроведува кога кандидатот ќе покаже високо ниво на усогласеност со правните текови на ЕУ во релевантниот сектор и кредибилна примена на владеењето на правото. Документот предвидува и заштитни мерки во случај на назадување на земјата која добила пристап до пазарот.

Скандал: Мехмети ги повикува Албанците да не учат и да не зборуваат македонски, оти само тој „јазик“ ќе го разберат Македонците, кои не ја сакаат албаноговорна Македонија!

Писателот и публицист Ким Мехмети од Скопје се огласи преку медиумите со свој повик до Албанците од Македонија да не го учат и да не го зборуваат македонскиот јазик, бидејќи, како што нагласува, „само тоа е ‘јазикот’ кој ќе го разберат сограѓаните Македонци, кои го сакаат само мртвиот Албанец и што не ја сакаат Македонија, која би зборувала и на албански“! Мехмети во оваа скандалозно писание изнесува и јавен предлог, или и повик, да се одело и „дури и чекор понатаму“, за создавање некакви паралелни албански институции, како што пишува, „каде што тие ќе доаѓаат со преведувачи на нивниот јазик, додека ние им ќе доаѓаме со преведувачи на нашиот јазик“!

Екс амбасадор со спремно прашање бара референдум за членството на земјава во ЕУ

Референдумското прашање би било: „Дали сте согласни Република Северна Македонија да ги продолжи преговорите за влез во Европската унија со измена во амандманот XXXVI на Уставот на вашата држава и по зборовите …„бошњачкиот народ“, да се додадат зборовите „на хрватскиот народ, на бугарскиот народ, на еврејскиот народ…“

“Samsung” ги лансираше новите генерации на гејмерските Odyssey и професионалните ViewFinity монитори, вклучувајќи го и првиот 6K монитор во индустријата наменет за играње игри

Линијата монитори за 2026 година го предводи пазарот во однос на перформансите, истовремено проширувајќи го пристапот до премиум иновации кај екраните. DisplayPort 2.1 носи перформанси со голем проток за напредни визуелни ефекти низ целата линија Odyssey G8

To top