По цела вечност или точно 844 минути, Елмин Растодер конечно ѝ стави крај на црната низа без постигнат гол, но на крајот тоа се покажа недоволно фудбалската репрезентација на Македонија да избегне пораз и во Глазгов, кадешто Шкотска славеше со 2:1 во Лигата на нациите.
Напаѓачот на Панатинаикос погоди со глава во 57. минута по нафрлувањето од корнер на Енис Барди, израмнувајќи по водството на домаќинот три минути претходно преку Џон Мекгин, кој во 74. минута од пенал го реши победникот повторно од пенал доделен по сугестија од ВАР како во првиот меѓусебен дуел во Скопје.
И покрај многу подоброто издание на избраниците на селекторот Гоце Седлоски на „Хемпден парк“, „црвено-жолтите“ го доживеаја шестиот пораз во низа, петти во дебито во Б-сегментот од Лигата на нациите, а серијата без победа сега е 13 натпревари.
Останува уште реваншот со Словенија в понеделник од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Голот на Растодер на линкот.