Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека руските ракети синоќа ја погодиле Полска „по грешка“. Според „Clash Report“, тој го изјавил ова во коментар за телевизиската мрежа „Fox News“.
„Путин по грешка испратил беспилотни летала и неколку многу мали ракети во Полска“, пренесува „Clash Report“ зборови на Трамп.
Пплските власти соопштија дека на територијата на Полска паднале две ракети и еден руски дрон.
Понатаму, во разговорот со новинарот на „Fox News“, Трамп изјавил дека „не може ништо да стори“ во врска со фактот што полскиот премиер Доналд Туск неодамна јавно изрази револт поради пријателскиот однос на американскиот претседател кон рускиот претседател за време на самитот во Кина.
Имено, за време на средбата со Путин, во присуство на новинари, Трамп зборуваше за нивниот долгогодишен однос.
„Кој е тој? Тој е мој пријател!“ – рече Трамп додека го поздравуваше рускиот претседател.
На ова реагирапе Туск:
„Боже, чувај нè од такви пријатели“, напиша Туск на социјалната мрежа „Х“, без експлицитно да ги спомене ниту Трамп, ниту Путин.
Неговата објава уследи по срдечниот поздрав што Трамп му го упати на Путин на самитот на АПЕК во Шенџен, Кина.