Свет

„Не сум јас куфер“, му одговори Зеленски на Лукашенко

Украинскиот претседател го одби предлогот на белорускиот претседател Александар Лукашенко лично да го придружува до Москва на преговори со рускиот претседател Владимир Путин

Zelenski

 

 

Зеленски го отфрли предлогот како несериозен, возвраќајќи дека Лукашенко, наместо тоа, би можел да го донесе Путин во Киев.

„Тој предлага да ме земе со себе. Што сум јас, куфер? Само да ме стават во авион и да одлетаат? Тоа не е сериозен разговор“, рече Зеленски. „Тој би можел да го донесе Путин и да долета со него во Киев. Ние би ја гарантирале нивната безбедност овде“, додаде тој.

Украинскиот претседател нагласи дека, поради војната, средба со Путин не е можна ниту во руската, ниту во украинската престолнина. Тој оцени дека предлогот на Лукашенко воопшто не придонесува за завршување на војната.

„Ние сме во војна. Не можеме да се сретнеме ниту во Москва, ниту во Киев. Сите ние тоа одлично го разбираме. Кога некој ќе каже такво нешто, тоа едноставно не е сериозен разговор. Таа личност воопшто не нè приближува до крајот на војната“, изјави Зеленски.

Претходно , белорускиот претседател предложи лично да го придружува Зеленски на преговорите со Путин, нудејќи се да ја гарантира неговата безбедност.

„Ние двајцата – јас би можел да го придружувам до Москва, дејствувајќи како гарант за неговата безбедност и така натаму. Би можел да се качам во авион со него и да одлетаме за Москва“, рече Лукашенко.

Најнови вести од: Свет

Откако пред 11 години широкоградо примаа мигранти

Земјата треба да ја напуштат не само странските државјани кои се должни да заминат и странците осудени за кривични дела, туку и Сиријците, Авганистанците и Украинците, штом престанат да постојат причините поради кои им е доделена заштита

„Русија ќе престане да постои во сегашна форма“

Она што е потребно денес е мирен државен удар – не востание (веќе сме на работ на востание, што би било застрашувачки), туку мирен пренос на власта“, тврди Ивашов смета дека на Путин треба да му се понуди излезна стратегија која би му овозможила да избегне погубување пред стрелачки вод

Руте: НАТО ќе се брани од Русија и во вселената

„Секогаш ќе се погрижиме да го браниме секој сантиметар од територијата на НАТО, а тоа вклучува и обезбедување на нашата безбедност кога станува збор за вселенскиот елемент“, рече генералниот секретар на Алијансата

To top