Македонија

И догодина повисоки пензии

За исплата на пензиите во 2027 година се предвидени 123,8 милијарди денари, што е за 5,6 милијарди денари повеќе во споредба со претходната година

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Буџетот за 2027 година планира зголемени средства за пензиите, здравството, образованието и социјалната заштита, истакна пратеничката и членка на Извршниот комитет на партијата, Ели Панова, на денешната прес-конференција.

За исплата на пензиите во 2027 година се предвидени 123,8 милијарди денари, што е за 5,6 милијарди денари повеќе во споредба со претходната година.

Според Панова, владината политика е насочена кон потребите на граѓаните, а јавните средства треба да се користат одговорно, со цел подобрување на животниот стандард.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека со планираните средства целта е да се подобри поддршката за пензионерите и социјално ранливите категории, да се унапредат здравствените услуги и да се создадат подобри услови за учениците и студентите.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Ајри Шеј, Tessa Group: Иднината им припаѓа на бизнис моделите кои ги интегрираат енергетиката, напредните технологии и сајбер безбедноста

На четвртата конференција за дигитализација на АмЧам се обрати и министерот за дигитална трансформација во Владата, Стефан Андоновски, чие излагање беше посветено на креирање на услови за идните индустрии. На конференцијата зборуваа и претставници на ЕВН Македонија, претставници на ТИТАН Усје, Телеком на други компании од земјата.

To top