Спорт

Магија на Бродмедоу меџик – тимот на Македонците полуфиналист во Австралиското првенство!

„Магионичарите“ од некогашен Њукасл Македонија славеа со 1:0 над Квинсленд лајонс, со „грчкиот“ Саут Мелбурн за финале

Бродмедоу меџик, фудбалски клуб основан во 1966 година од македонската заедница во Австралија како Њукасл Македонија и чиј грб содржи дел од Сонцето од Кутлеш, испиша историја со пласманот во полуфиналето на Австралискиот шампионат со победата на свој терен од 1:0 над Квинсленд лајонс.

Најпријатното изненадување во второто по ранг клупско натпреварување на петтиот континент го реши прашањето на победникот во 54. минута преку Езра Паломбини и се избори за полуфинална пресметка со тимот на австралиските Грци, Саут Мелбурн, меѓу 4 и 6 декември пред своите навивачи на „Меџик Парк“.

Другиот тим на Македонците, Престон лајонс, формиран во 1947 година како Престон Македонија, во четвртфиналето утре од 5 часот по средноевропско време ќе ја пречека Вестс АПИА.

 

Најнови вести од: Спорт

To top