Македонија

Николоски: Државата го доби случајот „Казандол“ заштедени се 115 милиони евра

Извонредна вест

„Сакам да информирам за донесената пресуда во арбитражната постапка „Казандол“ каде државата беше тужена од неколку инвеститори. Нивното барање беше 115 милиони евра отштета, но можам со гордост да кажам дека овој случај го добивме, сите 11 основи по кои државата беше тужена се одбиени и заштедени се 115 милиони евра. Пресудата е целосно во наша корист, а случајот не беше воопшто лесен“.

Вака изјави виецпремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на денешната прес-конференција во Владата.

Тој смета дека државата ќе добие уште најмалку два случаја.

– Ова се затворени процеси и до донесување пресуда детали не смеат да се изнесуваат. Постапките се многу комплицирани. Но, ако продолжи овој след, а јас сум убеден дека ќе продолжи, тогаш надлежните органи ќе треба сериозно да се позанимваат со тоа како биле отворани арбитражите и како бевме сите убедувани дека Македонија ќе губи стотици милиони евра, а некогаш и милијарди, а еве не ги губи и зошто овој случај бил затворен во декември 2023 година. Ние повторно го отворивме, имало простор и еве го добивме – објасни Николоски.

Меѓу другите теми, вицепремиерот информираше дека Владата донесе одлука за почнување подготвителни работи за целосна реконструкција на железничката линија од Скопје до Кичево на Коридиорот 8 со модерна сигнализација и дизел локомотиви.

Реконструкцијата ќе овозможи, потенцира вицепремиерот, поврзување на Скопје – Јегуновце – Тетово – Гостивар – Кичево.

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top