Македонија

Изминатата ноќ е целосно изгаснат големиот пожар во атарот на селото Церово, крај патот Тетово-Скопје, има 4 активни пожари во РМ

Во текот на вчерашниот ден целосно се изгаснати 29 пожари на отворен простор.

Целосно е изгаснат пожарот, кој вчера изби на територијата на општина Желино во атарот на селото  Церово а подоцна во вечерните часови се прошири во насока на месноста Карпалак покрај автопатот Скопје – Тетово, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

Врз него од тетовската страна дејствувале ТППЕ Тетово и од скопската страна БППЗ Скопје.

Ангелов изрази голема благодарност до тетовските и скопските пожарникари, кои во ноќни услови успеаја да го изгаснат овој голем пожар, кој во делови се одвиваше на тешко пристапен терен.

Во текот на вчерашниот ден целосно се изгаснати 29 пожари на отворен простор. Во овој момент 4-те активни пожари на отворен простор се под целосна или делумна контрола.

МИА

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

To top