Македонија

Полицијата спаси двајца битолчани вчера од Преспанското Езеро, откако им се нашол чамецот во опасност меѓу селата Стење и Коњско

Ги демнеат непрепазливите и водите на Преспанското езеро…

Две лица вчера беа спасени од Преспанското Езеро, откако нивниот чамец се најде во опасност меѓу селата Стење и Коњско. Безбедно биле извлечени Ф.И. (27) и С.С. (75), двајцата од Битола, кои се во добра здравствена состојба.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен околу 14 часот преку Центарот за управување со кризи – Битола. Потоа полициските службеници од станицата во Стење веднаш ја презеле акцијата за спасување на двајцата битолчани. 


Најнови вести од: Македонија

(Фото): Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од Првата светска војна

По безбедносните проверки на состојбата на неексплодираната граната, согласно пиротехничарските, деминерски, стандардни оперативни процедури, гранатата е безбедно подигната од местото каде е пронајдена и се транспортира за понатамошна постапка за нејзино уништување.

Крај на пушењето – се крои досега најстрог закон

Македонија е на чекор до донесување на најригорозниот закон за заштита од пушење досега, кој драстично ќе го промени секојдневието на пушачите, угостителите и трговците. Според нацрт-верзијата на законот до која дојде Телма, се подготвува целосно исфрлање на цигарите од јавниот живот и затворените простори, без исклучоци.

Повторно блокиран граничниот премини „Евзони“, македонските транспортни компании трпат загуби

Грчките земјоделци и вчера попладне во истиот период го блокираа граничниот премин, а во однос на плановите за следните денови, исто како и досега, одлуките ќе ги носат во последен момент, особено сега кога изразија подготвеност во вторник да се сретнат со грчкиот премиер.

To top