Македонија

Шефови на тајната служба наредиле следење на обвинителка која гонела сопруга на началник во АНБ

Карма каша во македонското ФБИ

Шефови на тајната служба дале налог и одобрение за следење на обвинителка која во тоа време гонела сопруга на началник во АНБ.

Ова е краткото сиже на драмата со следење на повеќе лица од страна на Агенцијата за национална безбедност.

Обвинителот што е следен, тврди нашиот извор, е Вилма Русковска објави Плусинфо.

Обвинителката Русковска, во изјава за порталот ја потврдила информацијата.

,,Немам информации дали сум незаконски прислушувана во овој период, но извор кому му верувам, а кој ги знае работите, ми кажа дека сум била незаконски следена од страна на Јовче Ременски, сопругот на поранешната пратеничка Фросина Ременски, против која во тоа време бев подигнала обвинение”, вели Русковска.

Плусинфо со Русковска го сподели и сомневањето дека била незаконски прислушувана, во еден или повеќе разговори со новинар со кого комуницирала.

,,Јас за тоа немам информации, но не би ме изненадило да било така. Можно е јас да сум била таргет, а можно е и новинарот да бил таргет. Се надевам дека и тоа прашање ќе се расветли”, коментира обвинителката.

Кој е фотороботот на соработниците кодоши на АНБ на овој ЛИНК

Еден обвинител со пристап до ПИМ мерки добил огромна моќ во Македонија – повеќе на овој ЛИНК

Екс шефот на АНБ денеска слави – текстот на овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top