Спорт

Фото на денот: Алкалоид со пехарот од Европскиот куп на ЕХФ

Тоа што го освоија минатата сезона „фармацевтите“ го добија пред реваншот со Хановер од квалификациите за Европската лига

Ракометарите на Алкалоид го добија пехарот што го освоија во Европскиот куп на ЕХФ минатата сезона со победата над грчки АЕК од 29:25 во првиот натпревар во Атина, а реваншот во Скопје не се одигра бидејќи гостите, иако беа во салата „Борис Трајковски“, не излегоа на теренот во предвиденото време.

На освојувачот на Купот на Македонија пехарот му го врачи претседателот на Натпреварувачката комисија на ЕХФ и член на Извршниот комитет, Божидар Ѓурковиќ, пред вечерашниот реванш со Хановер во квалификациите за Европската лига.

Алкалоид е третиот македонски тим со трофеј во европските купови по ракометарките на Кометал Ѓорче Петров и ракометарите на Вардар (два пати) во Лигата на шампионите.

За клубот од скопска Автокоманда ова е трет трофеј во четиригодишното постоење по тие во македонските Куп и Суперкуп.

Најнови вести од: Спорт

Тајната улога на поранешната министерка за внатрешни работи во еден од најголемите спортски успеси на Македонија (ВИДЕО)

Во времето кога се градеше златната генерација на македонската кошарка која подоцна ќе го освои четвртото место на Европското првенство во Литванија 2011 година, македонските функционери спроведоа брза и успешна акција за натурализација на американскиот кошаркар Лестер Бо Мекејлеб.

To top