Македонија

Француската „Буиг“ сака да ја гради брзата железница и новите болници во Македонија

Француската Буиг сака да учествува во изградбата на големи инфраструктурни проекти во Македонија

Вчера во Стопанската комора се одржа работна средба со француската компанија Буиг (Bouygues). Високите претставници на компанијата изразија интерес и подготвеност на Буиг да учествува во изградбата на големи инфраструктурни проекти во Македонија, како изградбата на железницата и клиничките центри.

Компанијата Буиг со диверсифицирано портфолио во секторите градежништво, енергетика, телекомуникации и медиуми, со над 50 милијарди обрт и 200.000 вработени во над 80 држави во светот, со себе носи големо искуство, знаење и доверба. Затоа, Стопанската комора на оваа средба ја изрази својата поддршка и помош за компанијата за започнување на активностите во Македонија.

Домаќин на средбата беше Деловниот клуб за соработка со Франција и франкофонските земји, каде во присуство на францускиот амбасадор, Кристоф Ле Риголер и регионалниот претставник, шеф на економската мисија за ЗБ со седиште во Белград, Пјер Гранжуан, беше разговарано и за неколку други иницијативи за соработка со француските компании. За октомври е најавен регионален бизнис форум Франција-Западен Балкан во Белград, на кој се поканети и македонските компании.

 

На средбата, Стопанската комора и Амбасадата на Франција во РС Македонија разговараа за можностите за продлабочување на економската соработка, унапредување на трговската размена меѓу двете земји, како и за поттикнување на директни инвестиции. Претседателот на Комората, Бранко Азески, истакна дека постои значаен потенцијал за заеднички проекти, и дека француските компании може да ја сметаат Комората и Деловниот клуб за свој партнер во Македонија.

Комората активно работи на создавање поволна деловна клима, олеснување на административните процедури и поврзување на француските компании со домашни партнери.

„Француските компании носат иновации, експертиза и европски стандарди кои се од суштинско значење за развојот на нашата економија,“ изјави Бранко Азески, претседател на Стопанската комора. „Ние сме тука да ги поддржиме преку консултации, бизнис форуми, и конкретни партнерства.“

Најнови вести од: Македонија

Судскиот совет му го одзеде имунитетот на судијата Ѓоко Ристов, се бара и куќен притвор

Единицата за корупција во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против судијата Ѓоко Ристов од Неготино, со живеалиште во Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „противправно стекнување и прикривање имот“ по чл.359-а ст.3 в.в. ст.1 и „перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273 ст.1 од КЗ.

Тестирање на камерите на „Безбеден град“ уште некој ден – наскоро ќе фрчат казни за прекршителите

Од сега до 31 јануари ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на уредите поставени за надзор на сообраќајот во рамки на проектот „Безбеден град. Од МВР информираат дека тестирањата ќе се реализираат секој ден, од 08:00 до 20:00 часот, при што за време на овие активности нема да биде дозволено поминување на возила додека не заврши постапката.

To top