Свет

Израел стравува Лондон да не ја признае Палестина

Израел е вознемирен од плановите на Лондон да им се придружи на Франција, Канада и другите западни земји во признавањето на палестинска држава подоцна овој месец

Израелскиот претседател Јицак Херцог вчера изјави дека имал „тежок“ разговор со британскиот премиер Кир Стармер, за време на кој тие изразиле длабоки несогласувања околу актуелните политички одлуки меѓу двете земји, објави Ројтерс.

Средбата се одржала еден ден откако Израел изврши воздушен напад врз лидерите на Хамас во Катар, сојузник на Велика Британија на Блискиот Исток, што Стармер го осуди како „целосно неприфатливо“.

Израел е вознемирен од плановите на Лондон да им се придружи на Франција, Канада и другите западни земји во признавањето на палестинска држава подоцна овој месец, освен ако Израел не исполни одредени услови. Еден од нив е прекин на огнот во Газа.

„Беа кажани тешки и силни зборови. Јасно е дека можеме да се расправаме, бидејќи кога сојузниците се среќаваат, тие можат да се расправаат. Двете наши земји се демократии“, рече Херцог подоцна на форум во Чатам Хаус.

Тој рече дека несогласувањата биле околу планот на Стармер да ја признае палестинската државност и неговиот став за хуманитарната помош за Газа. Херцог ја покани британската влада на мисија за утврдување факти во Израел.

Според Даунинг стрит, Стармер го повика Израел да ја запре својата офанзива и да дозволи повеќе хуманитарна помош. Тој нагласи дека Велика Британија и Израел се долгогодишни сојузници и остануваат посветени на постигнување траен мир за Израелците и Палестинците.

За време на краткото ракување на скалите на Даунинг стрит, двајцата лидери покажаа знаци на тензија. Стармер го нарече воздушниот напад во Катар „грубо кршење на суверенитетот на клучен партнер“.

Војната во Газа доведе до значителни тензии меѓу Израел и неговите европски сојузници.

Велика Британија ги блокираше израелските претставници да присуствуваат на нејзината изложба за одбрана оваа недела.

Најнови вести од: Свет

Се стабилизираат цените на нафтата по ветувањето на Трамп за заштита на танкерите

Цената на WTI се приближи до 78 долари по барел, по масовните воздушни напади што САД и Израел ги изведоа врз Иран, членка на ОПЕК. Иран возврати со ракетни и дронски напади врз цели на Блискиот Исток, вклучително и енергетска инфраструктура, што предизвика раст на цената на американската нафта од 6 проценти во понеделник и дополнителни 5 проценти во вторник.

Багеи: ЕУ и европските држави да не се лизгаат кон нацистички размислувања и да не бидат соучесници во воени злосторства!

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багеи денес ја предупреди Европската Унија да не „се лизга“ во „историски, нацистички начини на размислување“ со поддршка на израелско-американските напади врз Иран. Во објава на мрежата X, тој го осуди ставот на Германија и ги предупреди европските држави „да не бидат соучесници во воени злосторства“.

Сијарто: Попрво Киев ќе остане без пари отколку Унгарија без нафта

Според изјавите на унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, не се очекува никаков напредок во врска со блокадата на нафтоводот Дружба пред парламентарните избори во Унгарија во април.

To top