Македонија

Имаат ли младите барем тронка еколошка одговорност?!

Образовниот систем ги насочува младите да се грижат за средината во која живеат. Наставните програми во сите одделенија содржат елементи кои ја подигнуваат свеста за ризиците од загадувањето и поттикнуваат превентивно делување. Но, со повеќе партнери на институциите и на образовните установи, и добри иницијативи што лесно се препознаваат, еколошката едукација може постојано да се […]

Образовниот систем ги насочува младите да се грижат за средината во која живеат. Наставните програми во сите одделенија содржат елементи кои ја подигнуваат свеста за ризиците од загадувањето и поттикнуваат превентивно делување. Но, со повеќе партнери на институциите и на образовните установи, и добри иницијативи што лесно се препознаваат, еколошката едукација може постојано да се унапредува“ Ова го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска на отпочнувањето на годишната национална кампања за собирање отпад „Генералка викенд 2025“ на Скопскиот аквадукт, организирана од Мен Енд Маунтен во соработка со повеќе партнерски компании граѓански здруженија, а која е поддржана и од Министерството за образование и наука.

  • Задоволство ми е што како министерство, неодамна со Мен Енд Маунтен потпишавме меморандум за соработка за да ја поддржиме оваа масовна еколошка акција и во комуникација со училиштата да вклучиме што поголем број основци и средношколци. Ова е придонес кон градење на еколошки одговорни генерации“, рече Јаневска.

Додаде дека младите се иднината на државата и мораме од најмала возраст да ги поттикнуваме на одговорност кон околината, за како што рече, да им ги намалиме можните предизвици и ризици со кои во иднина би се соочувале, а тоа е загадениот воздух, загадената почва, вода и слично, кои влијаат на човечкото здравје.

На означувањето на стартот на еколошката акција присуствуваше и претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, амбасадори и претставници на повеќе компании и здруженија кои ја поддржуваат акцијата.

Најнови вести од: Македонија

„Збуљо“: Артан Груби е сè уште активен и влијае во ДУИ преку брат му Ветон, кој беше вчера на собирот во Чаир!

Информативниот портал на албански јазик тврди дека бегалецот од правдата Артан Груби поправо не ја напуштил ниту за еден момент својата партија, во која „жареше“ и „палеше“ како „десна рака“ на Али Ахмети, додека беше и вицепремиер.

Мицевски: Обвинителството веднаш да спроведе темелна и сериозна истрага за злоупотребите на разузнавачките и безбедносни служби

Кој, како и зошто дозволил злоупотреба и неовластена употреба на посебни истражни мерки? – прашање, на кое шефот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Никола Мицевски бара итен и целосен одговор од јавното обвинителство.

Петрушевски: Дали Коцевски бил одговорен за ПИ мерките со кои се прислушкувани политичари, новинари и бизнисмени

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на прес-конференција обвини дека СДС, заедно со Зоран Заев и Венко Филипче, ги злоупотребувале АНБ и Агенцијата за разузнавање за политички цели.

To top