Македонија

Почнува постапката за ребалансот на буџетот

Министерството за финансии од денеска почнува со преговорите со останатите министерства за ребалансот на буџетот, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска. По овој прес ќе го имаме првиот состанок да кажеме во период којшто следи, сигурно десеттина дена ќе работиме на такви преговори со надлежните министерства, а потоа ќе видиме како ќе се одвиваат работите. […]

Министерството за финансии од денеска почнува со преговорите со останатите министерства за ребалансот на буџетот, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.

  • По овој прес ќе го имаме првиот состанок да кажеме во период којшто следи, сигурно десеттина дена ќе работиме на такви преговори со надлежните министерства, а потоа ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Премногу е рано и не би можела сега да ви кажам детали околу тоа – вели Димитриеска Кочоска.

Таа посочи дека на владина седница, но в среда и четврток, како Министерство ќе имаат прилично збиена агенда за преговорите и деталите околу ребалансот на буџетот.

Ребалансот на буџетот, годинава е планирано да се донесе летово бидејќи наесен се локалните избори.

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

To top